Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Ефто Пупиноски распали како никогаш досега: Патриоти полупијани вејат знаме, а потоа се креваат на српска шунд музика, ни нема спас!

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2025-08-28-at-10.39.15

По јавната полемика меѓу кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, пејачот Спасен Силјаноски и музичарите околу изборот на гости за Тиквешкиот гроздобер, со свој долг и остар коментар се огласи и легендата на македонската музика, Ефто Пупиноски.

Во својата објава Пупиноски порача дека темите за одбраната на националниот идентитет преку музиката тој ги отворал уште пред половина век, но секогаш останувал сам. „Сум реагирал, сум укажувал, сум нудел решенија, сум се впуштал во оган и во сите случаи сум останувал сам. Доживував навреди, сопки, клевети и казни, и ја добив етикетата ‘незгоден’,“ пишува тој.

Пупиноски нагласува дека најсилната одбрана на националните интереси е создавање и промовирање песни на македонски јазик со национални обележја. „Има ли нешто повредно од тоа? Јас во културната ризница сум внел шест-седум такви песни, сите со милионски прегледи на Јутјуб. ‘Лихнида’ е балкански хит, ‘Туѓа си’ има над 15 милиони прегледи. А вие плаќате шунд од север,“ пишува тој.

Тој обвинува дека клучниот проблем е во „македонската проклетија“ – недоволна почит кон сопствените вредности и комплекс на помала вредност. „Нашите патриоти полупијани го вејат знамето и пеат старински песни, а потоа се креваат и на српска шунд музика, плаќајќи им повеќекратно повеќе од македонските пејачи,“ вели Пупиноски.

За градоначалниците, како што го спомна Јанчев, тој тврди дека им е важно единствено да ги задоволат вкусовите на гласачите: „Ги заболе за идентитетските и национални интереси – важно е утре да имаат гласачи за нив.“

Според Пупиноски, друг сериозен проблем е неорганизираноста на македонската естрада. „Ние официјално во Македонија не постоиме – нема закон, нема синдикат, нема здружение кое ќе ги брани интересите на пејачите. Половина век зборувам дека треба да се организираме, а членството нема интерес,“ нагласува тој, додавајќи дека во западниот свет вакви здруженија функционираат повеќе од сто години.

Пупиноски вели дека сите досегашни влади придонеле кон ерозијата на идентитетот, бидејќи медиумите се законски обврзани да емитуваат само 30% македонска музика. „Ало, уште ли не’ има? Уште ли преткаме?“ реагира тој.

На крај, Пупиноски заклучува песимистички: „Ни нема спас, затоа што најголемиот проблем е чипот во главата на македонскиот патриот – чипот ‘македонска проклетија’.“

Во објавата тој напиша и напомена дека е свесен оти ќе биде навредуван и напаѓан, но, како што вели, тоа е ништо во споредба со „проклетијата што Македонците ја носат од раѓање“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 12 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 13 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања