Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Еко-Свест: За педесет години во земјава ќе настане суша потребно е итно делување завлијанието од климатските промени

Медиасет.мк
пред 5 години
Tik-Tok-Eko-Svest

Поради климатските промени, сите земји што и се потписнички на Парискиот договор, се обврзани да работат кон тоа да глобалната температура да не порасне повеќе од 2 степени Целзиусови. Тоа подразбира дека согорувањето на фосилни горива, лигнит, јаглен, нафта, гас и така натаму треба полека да се напуштат и да се помине кон еден декарбонизиран систем на обновливи извори, како ветер, сонце, во одредени услови тоа е и хидро-енергијата, итн.

- Во нашата земја тоа го почувствувавме оваа сезона, особено со тоа што гледаме дека ние немаме сезона на дождови оваа година, што значи поради порастот на глобалните температури страда земјоделието, страда туризмот и ќе страда и понатаму безбедноста на нашите домови затоа што нашите градови не се изградени за да можат да функционираат во услови на високи температури или екстремни временски услови, велат од Еко-Свест.

За нашиот регион предвидувањата се дека температурите ќе растат, а овие области да се претворат во пустина, за околу педесет години од сега. Меѓутоа овие проекции не се точни, бидејќи тоа не е егзактна наука, сепак се само проценки врз основа на податоци кои што во моментов ги имаме и врз основа на мерки кои што во моментов се предвидени да се преземат.

- Ако ова го знаеме, тоа значи дека ние како граѓани сме тие кои што ја имаме обврската да ги разбудиме носителите на одлуки да ги прилагодат законите на климатски промени и да се обидат да ги намалат емисиите со овозможување и олеснување на процес на праведна транзиција, прво во регионите со јаглен, а потоа и во сите региони кои што ги трпат последиците од климатските промени, додаваат од Еко-Свест.

Исто така треба да се направат и промени во регионите кои што се ранливи на климатските промени, односно регионите како Југозападниот, кој е регион кој живее од туризам и во иднина нема да може да живее од туризам, можеби ќе треба да се пренасочи кон други поодржливи гранки на туризам како гастрономија, како рурален туризам, алтернативни форми на туризам. Тоа значи дека како земја треба да ги адаптираме нашите економски активности на моменталните услови и условите кои во иднина ги очекуваме да се случат. Важно е државата да постави таргети, условите се веќе поволни, треба само политичка волја да се тоа почне за побргу да се развиваат работите.

Еко-Свест работи на забрзување на енергетската транзиција заради ублажување на климатските промени преку проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија“ финансиски подржан од CEE Bankwatch Network, како и во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“, спроведуван од Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европска Унија.

фото: Еко свест

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

media-library62u6r2a4p1j64iaF9ut

Каде треба да го чувате суровото пилешко во фрижидерот за да избегнете бактерии?

Вирално | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања