Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

ЕУ планира да стави крај на бесконечното скролирање

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-libraryc7chamekibtn0TX14z7

Европската унија планира да стави крај на бесконечното скролирање. Европската комисија првпат се занимава со зависност од социјалните мрежи во рамки на борбата против Тикток, што би можело да постави нови стандарди за дизајнот на најпопуларните апликации во светот. Брисел ја наложи компанијата да ја промени неколку клучни функции, вклучувајќи го онеможувањето на бесконечното скролирање, воведување строги паузи за времето поминато пред екран и промена на системот на препораки, со образложение дека дизајнот на апликацијата создава зависност кај корисниците, особено кај децата, пишува Politico.

Ова е првпат Комисијата јасно да ја искаже својата позиција за дизајнот на платформите за социјални мрежи според Законот за дигитални услуги, клучниот закон на ЕУ за интернет содржини. Тикток сега има можност да ја брани својата практика и да ги прегледа доказите што ги собра Комисијата, а компанијата најави дека ќе се бори против овие наоди. Доколку не успее да ја убеди Комисијата, апликацијата се соочува со казни до 6 проценти од годишниот глобален приход.

Јан Пенфрат, постар советник за политики во организацијата за граѓански права EDRi, рече дека би било „многу, многу чудно“ ако Комисијата не го искористи ова како преседан и не се обиде да интервенира и кај другите компании.

Законот за дигитални услуги им наложува на платформите како Тикток да ги проценат и ублажат ризиците за своите корисници. Сепак, овие ризици во законот се нејасно дефинирани, па досега било неизвесно каде точно регулаторите ќе ја повлечат границата. Две години по започнувањето на истрагата, Комисијата реши да удри во самото срце на дизајнот на платформата, тврдејќи дека тој претставува ризик за менталното здравје на корисниците, особено кај децата.

На брифинг со новинарите, комесарот на ЕУ за технологија, Хена Виркунен, рече дека наодите сигнализираат дека работата на Комисијата влегува во нова, зрела фаза кога станува збор за систематските ризици. Facebook и Instagram се под истрага поради зависничкиот дизајн од мај 2024 година, и како кај TikTok, вниманието е насочено кон дизајнот и алгоритмите.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 10 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 15 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 22 часа

media-librarydbq28dk5uvvd4FoMvIq

Јужна Кореја ги казни Google и Apple со 47,6 милиони долари поради злоупотреба на пазарот за апликации

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања