Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

ЕУ утврди пропусти во заштитата на децата на „ТикТок“, можна висока казна

Медиасет.мк
пред 2 месеци
TikTok-75646

Европската комисија соопшти дека прелиминарно утврдила оти „ТикТок“ не обезбедил соодветна заштита на приватноста на децата на својата платформа, поради што малолетните корисници биле изложени на ризик од вознемирување, несакани контакти и предаторско однесување на интернет.

Според Комисијата, поставките на платформата им овозможувале на возрасни лица пристап до профилите на малолетници, што претставува прекршување на европските правила за дигитални услуги.

Истрагата против „ТикТок“ се води од февруари 2024 година во рамките на Актот за дигитални услуги (DSA), со кој се регулира работата на големите интернет-платформи во Европската Унија. Компанијата сега има можност да одговори на наодите, а доколку Европската комисија не биде задоволна од објаснувањето, може да донесе одлука за неусогласеност и да изрече казна до шест проценти од годишниот глобален приход на компанијата.

Ова не е првпат „ТикТок“ да се соочи со регулаторни мерки. Ирскиот регулатор за заштита на податоци во 2023 година ја казни компанијата со 345 милиони евра поради прекршување на правилата за заштита на личните податоци на децата, а подоцна ѝ беше изречена и казна од 530 милиони евра поради пренос на податоци на европски корисници во Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjuiqhiqh0jqb6VDYTaU

Глобалните испораки на мобилни телефони паднаа на најниско ниво од 2012 година

Технологија | пред 35 минути

media-libraryfs0j2258gt982KKKhMU

Крај за култните јапонски телефони на преклоп: старите мобилни мрежи се гасат

Технологија | пред 6 часа

haker-724x406

Кибернападите ќе бидат еден од најголемите ризици од вештачката интелигенција во 2027 година, предупредува Бил Гејтс

Технологија | пред 10 часа

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања