Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Европската комисија отвори истрага против платформата X

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-libraryi3u1m1t7h2ie4ZumwMS

Европската комисија покрена истрага против четботот за вештачка интелигенција „Грок“, развиен во рамки на платформата X, сопственост на Илон Маск, поради сомнежи за генерирање и ширење експлицитни содржини, вклучително и незаконски слики.

Ова денеска го соопшти европратеничката Реџина Дохерти од Ирска, која во писмена изјава наведе дека истрагата ќе утврдува дали платформата X ги исполнила своите обврски согласно дигиталното законодавство на Европската унија. Посебен акцент ќе биде ставен на мерките за ублажување на ризици, управување со содржини и заштита на основните човекови права.

Според Дохерти, случајот отвора сериозни прашања за тоа дали големите онлајн платформи навремено и соодветно ги проценуваат ризиците поврзани со примената на вештачката интелигенција и дали преземаат доволни мерки за спречување на ширење незаконска и штетна содржина.

Европската комисија претходно информираше дека на платформата X биле споделувани слики на голи жени и деца генерирани со помош на вештачка интелигенција, оценувајќи ги како незаконски и длабоко вознемирувачки. Според европратеничката, овие случаи укажуваат на слабости во регулативата и практичната примена на правилата за новите технологии.

„Европската унија има јасни правила за заштита на граѓаните на интернет. Тие правила мора да имаат реално значење во пракса, особено кога моќни технологии се применуваат во голем обем. Ниту една компанија што работи во ЕУ не е над законот“, порача Дохерти.

Истрагата е дел од пошироките напори на Европската унија за построга контрола и одговорност на дигиталните платформи при користењето на вештачката интелигенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 5 часа

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 18 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 22 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања