Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Европскиот трилер „Малдорор“ пристигнува со финални проекции во Скопје

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-library5rgqmhrphgkcdbTYDaA

Филмот „Малдорор“ на режисерот Фабрис ди Велц ја заокружува својата регионална кино-дистрибуција со три последователни проекции на 7, 8 и 9 април во Кинотеката на Македонија, со што домашната публика добива последна можност да го проследи ова наградувано остварување на големо платно.

Филмот неодамна ја освои наградата од публиката во рамки на Јадранската мрежа на фестивали, доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград. По ова признание, „Малдорор“ од 19 март до 9 април се прикажуваше во повеќе градови од регионот на поранешна Југославија, меѓу кои Белград, Сараево, Херцег Нови, Љубљана, Загреб, како и Битола, Охрид и Скопје.

Станува збор за трилер инспириран од вистински настани во Белгија од средината на деведесеттите години. Приказната го следи младиот полицаец Пол Шартие, кој се приклучува на тајната единица „Малдорор“, формирана за следење на опасен сексуален престапник. По неуспешната операција и разочаран од ограничувањата на системот, тој започнува самостојна потрага по правда.

Од Кинотеката на Македонија го опишуваат филмот како силен и реалистичен приказ на борбата против длабоко вкоренетото зло, но и на општеството кое потфрла пред најранливите, при што се отвораат прашања за правдата, моќта и слабостите на институциите.

„Малдорор“ е замислен како прв дел од планирана трилогија на ди Велц, која ќе ја обработува темната страна на белгиската историја. Светската премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Венеција.

Критичарите го истакнуваат интензитетот и атмосферата на филмот, споредувајќи го со криминалистичките приказни од американската кинематографија од 70-тите години, особено со делата на Сидни Лумет. Се нагласува дека режисерот успева вистинските настани да ги претвори во сложена и повеќеслојна приказна за судирот меѓу личната и институционалната правда.

Филмот се опишува и како амбициозно и повеќеслојно остварување за Белгија во деведесеттите години, кое ги прикажува слабостите на институциите и колективните трауми, инспирирано од случајот на Марк Дитру.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања