Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Евровизија 2027 со 36 земји учеснички, Македонија се враќа, четири земји се повлекуваат

Медиасет.мк
пред 2 часа
evrovizija

Македонија се враќа на евровизиската сцена во 2027 година, откако беше објавен списокот со 36 земји учеснички на 71-вото издание на музичкиот натпревар. Домаќин ќе биде бугарскиот град Бургас, каде што натпреварувањето ќе се одржи на 11, 13 и 15 мај.

Според објавениот список на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), на Евровизија ќе учествува и Србија, додека Канада за првпат ќе биде дел од натпреварот. Македонија се враќа по четиригодишно отсуство.

Првото полуфинале е закажано за 11 мај, второто ќе се одржи на 13 мај, а големото финале е предвидено за 15 мај 2027 година.

На списокот се наоѓаат 36 земји, меѓу кои Албанија, Австралија, Австрија, Белгија, Велика Британија, Грција, Италија, Германија, Израел, Канада, Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Швајцарија и Шведска.

Од натпреварот се повлекуваат Ирска, Исланд, Холандија и Чешка. Одлуките на Ирска, Исланд и Холандија се поврзани со нивното противење на учеството на Израел, како и со незадоволството од начинот на кој ЕБУ се справува со политичките прашања и неутралноста на манифестацијата.

Учеството на Шпанија и Словенија сè уште не е конечно потврдено. Нивните јавни радиодифузни сервиси добиле дополнително време, до декември, за да одлучат дали ќе настапат во Бугарија.

Бургас го доби домаќинството откако бугарската пејачка Дара победи на Евровизија 2026 во Виена со песната „Бангаранга“. Тоа беше прва победа за Бугарија на овој натпревар, со што земјата го обезбеди правото да го организира следното издание.

Организаторите најавија дека дополнителните информации за водителите, сцената и придружните настани ќе бидат објавувани во наредните месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 час

media-libraryrh50kgnqao5g8iHCTi4

(Видео) Слатка сцена од Истанбул: мачка го масира својот другар

Вирално | пред 4 часа

media-librarysqacpv88bj3aelADeW5

Што се прави со славската свеќа по славата? Се практикуваат два обичаи

Вирално | пред 4 часа

media-libraryp7n70m2169gr4gXBrVB

(Видео) Инцидент во мексиканска емисија: Водителот го шутна дронот и ја погоди манекенката во лице

Вирално | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања