Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Евровизија добива нова земја: Канада ќе се натпреварува од 2027 година

Медиасет.мк
пред 2 месеци
evrovizija

Канада и официјално ќе стане дел од Изборот за песна на Евровизија, откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека националниот јавен сервис CBC/Radio-Canada е нејзина нова членка и ќе учествува на натпреварот во 2027 година, кој ќе се одржи во Бугарија.

Со ова, Канада станува првата нова земја што се приклучува на Евровизија по Австралија, која дебитираше во 2015 година.

Канадскиот претставник ќе настапува во полуфиналната фаза на натпреварот, а јавниот сервис CBC/Radio-Canada до крајот на годинава ќе го објави начинот на кој ќе биде избран претставникот за Евровизија 2027.

Од ЕБУ посочуваат дека интересот за Евровизија во Канада постојано расте. За време на 70. издание на натпреварот, одржано во мај годинава, Канада беше меѓу трите најуспешни земји во гласањето во категоријата „Остатокот од светот“, а канадските обожаватели беа и меѓу најбројните купувачи на билети надвор од Европа.

Претседателката и главна извршна директорка на CBC/Radio-Canada, Мари-Филип Бушар, изјави дека приклучувањето кон Евровизија претставува можност канадските музички таленти да се претстават на една од најпрестижните светски музички сцени, додека љубителите на натпреварот во Канада ќе можат да продолжат активно да го следат и да гласаат, но овојпат и да навиваат за својата земја.

Директорот на Евровизија при ЕБУ, Мартин Грин, оцени дека приклучувањето на Канада е уште еден доказ дека натпреварот, иако има европски корени, одамна ја надминал Европа и прераснал во глобален музички настан. Тој потсети и на силната врска на Канада со Евровизија, нагласувајќи дека бројни канадски уметници настапувале на сцената на натпреварот, меѓу кои и победничката од 1988 година, Селин Дион.

Според ЕБУ, Евровизија во 2026 година ја следеле повеќе од 130 милиони гледачи на 35 пазари, а јубилејното 70. издание поставило и нови рекорди на социјалните мрежи. Профилот на натпреварот на „ТикТок“ надминал четири милиони следбеници и остварил повеќе од 870 милиони прегледи, додека на „Инстаграм“ за првпат биле регистрирани повеќе од една милијарда прегледи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0hsov53quoa0fhMU8KG

(Видео) Громогласен аплауз за Слаткаристика во Оксфорд: „Ве сакам најмногу на цел свет“

Сцена | пред 2 часа

media-library7fijqt39hpvq42XE42i

(Видео) Каролина ги „раздрма” во Гази Баба: општината прослави 50 години постоење

Сцена | пред 5 часа

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 6 часа

profimedia-0558606083-1

Бред Пит повторно во главната улога: Стигнува продолжението на „Светска војна З“

Филм | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања