Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Технологија

„Фајрфокс“ воведува вграден блокатор на реклами на „ајфон“: Крај на досадните реклами?

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library3l1ncp3lp9767qI6RjZ
Photo by appshunter.io on Unsplash

Корисниците на „Фајрфокс“ на „ајфон“ наскоро би можеле да добијат нова опција за блокирање реклами без инсталирање дополнителни екстензии. „Мозила“ тестира вграден блокатор на реклами кој може да спречува реклами, следење, искачувачки прозорци и други наметливи елементи.

Експерименталната функција е наменета за апликацијата „Фајрфокс“ за iOS и овозможува блокирање на различни видови реклами директно на мрежно ниво. Системот може да блокира рекламни мрежи од трети страни, елементи за следење поврзани со реклами, реклами на интернет-страници, како и искачувачки прозорци и видео-преклопувања.

„Мозила“ сепак предупредува дека блокаторот нема да може да ги отстрани сите реклами, бидејќи интернет-страниците користат различни технологии за нивно прикажување. Нема да бидат блокирани ниту рекламите што се појавуваат во резултатите од пребарувањето, како и спонзорираната содржина што ја прикажува самиот „Фајрфокс“.

Функцијата засега е исклучена по дифолт и постепено се активира кај избрани корисници бидејќи сè уште е во експериментална фаза. Корисниците кај кои е достапна можат да ја вклучат преку поставките на „Фајрфокс“, во делот за прелистување и содржина.

За блокирање на рекламите „Мозила“ користи листа на филтри заснована на „EasyList“, со цел дел од рекламите да бидат блокирани пред воопшто да се вчитаат.

Сè уште не е познато кога вграденото блокирање реклами ќе стане достапно за сите корисници на „Фајрфокс“ на iOS.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library26acpckuggu16e9Dbox

Паметен фрижидер со екран и вештачка интелигенција: Луксуз или непотребен трошок?

Технологија | пред 8 часа

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Anthropic го претстави Fable 5.2 – поевтин од GPT-6 Astra, а веќе решил два проблеми во теоретската физика

Технологија | пред 16 часа

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Користите ChatGPT за финансии? Овие податоци никогаш не смеете да ги споделувате

Технологија | пред 1 ден

media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања