Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Ферхунде од турската серија „Кога лисјата паѓаат“ приведена во Истанбул во истрага за наркотици и проституција

media-library8vfdha0g50a7eWboWdU

Познатата турска актерка Дениз Чакир, која македонската публика ја памети по улогите во сериите „Сулејман Величествениот“ и „Кога лисјата паѓаат“, е меѓу приведените во голема полициска акција во Истанбул, Турција.

Акцијата се спроведува во рамките на истрага на истанбулското обвинителство за сомневања поврзани со проституција, трговија, набавка, поседување и употреба на наркотични средства.

Турските власти издале наредби за приведување на 35 лица, од кои досега се приведени 24. Меѓу нив се и актерот и пејач Озџан Дениз, актерката Бурџу Озберк и телевизискиот водител Мурат Џејлан.

Според обвинителството, истрагата се темели на анализа на мобилни телефони и други дигитални материјали, како и на искази од сведоци, вклучително и тајни сведоци.

Засега не е соопштено за кои конкретни кривични дела се сомничи Дениз Чакир. Полицијата продолжува со потрагата по останатите лица опфатени со наредбите за приведување.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Вирално

Сите →
media-librarytmk4bfffkbljcvrJMPh

(Видео) Нема повеќе диета за леопардот Пан Баобао: на 19 години му дозволуваат да ужива во староста

пред 1 час
media-library004ukt5faru44X03CHU

Запишете го датумот! Секој хороскопски знак има еден особено среќен ден во декември

пред 16 часа
media-librarydh1fmo6pnbot6DJaRA6

Ноемвриската супермесечина вечер ќе го осветли небото

пред 23 часа
media-libraryvlcu11o31d5n0ezYxr1

(Фото) Празнична магија во Њујорк – градот блеска во илјадници светилки

пред 1 ден
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања