Медиасет.мк logo
Промени тема
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK
Филм

Филмот за Тед Качински за само четири дена стигна до првото место на „Netflix“, критичарите го критикуваат

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-libraryhq7v3rn4vdep5WKrY1U

Новиот филм „Unabomber“ за само четири дена по објавувањето на „Netflix“ стигна до првото место на листата на најгледани филмови, иако доби главно негативни оценки од филмските критичари.

Филмот е биографски криминалистички трилер инспириран од вистински настани и го прикажува животот, психолошката трансформација и злосторствата на американскиот терорист Тед Качински.

Приказната се одвива низ две временски линии. Едната го следи младиот Качински, математички гениј кој на само 16 години се запишал на Харвард. Филмот се осврнува и на неговото учество во психолошките експерименти на професорот Хенри Мареј, поврзани со тајни истражувања на проектот MKUltra.

Втората линија го следи Качински во подоцнежниот период, кога живее изолиран во дрвена колиба во Монтана и изведува серија напади со бомби испратени по пошта, насочени кон универзитети, научници и авиокомпании.

Филмот ја прикажува и истрагата на ФБИ и профилирањето на сторителот преку анализа на неговиот радикален манифест против технологијата.

Младиот Тед Качински го игра Џејкоб Тремблеј, додека постариот Качински го толкува Анеурин Барнард. Улогата на професорот Хенри Мареј му припадна на Расел Кроу.

И покрај интересот на публиката, филмот доби слаби оценки од критичарите. На „Rotten Tomatoes“ моментално има оценка од 23 отсто од критичарите, додека публиката му дала 51 отсто.

Критичарите најмногу ја критикуваат приказната поради тоа што двете временски линии, периодот на Харвард и подоцнежната истрага на ФБИ, според нив, не се доволно добро поврзани. Дел од нив сметаат и дека односот меѓу психолошките експерименти и подоцнежните злосторства на Качински е прикажан премногу поедноставено.

Сепак, интересот кај гледачите е значително поголем, па „Unabomber“ за само четири дена се искачи на првото место на листата на најгледани филмови на „Netflix“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvispmuka9j6h8OuLAr8

Анимирана комедија, тинејџерски хит и политички интриги: што да гледате викендов?

Филм | пред 5 дена

media-library5oao0vbfmh377RZaDHC

Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон ги оживува своите најпознати ликови на сцена

Филм | пред 2 седмици

media-librarydtrknvkpvt60017GwKa

Ен Хатавеј и Дакота Џонсон открија како ја снимиле култната сцена со гризењето во „Верити“

Филм | пред 2 седмици

media-library9cc03dq6p9kvdh39GvZ

Холивуд добива нов гигант: „Парамаунт“ и „Ворнер Брос“ под еден покрив

Филм | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања