Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Фолксваген заработува само 12 евра по автомобил, Мерцедес речиси 4.200 евра

Медиасет.мк
пред 1 час
media-library640l0ui5lhek9UCI0jH
фото: unsplash

Најновата анализа на Центарот за управување во автомобилската индустрија (CAM) открива големи разлики во профитабилноста меѓу светските производители на автомобили.

Според податоците за првите девет месеци од годината, просечната добивка на производителите изнесувала 1.363 евра по продадено возило, што е помалку во споредба со 1.409 евра во истиот период претходната година.

Профитабилноста на автомобилската индустрија е под сè поголем притисок. Просечната оперативна маржа паднала на 3,6 проценти, наспроти четири проценти една година претходно, а кај две третини од анализираните компании е забележан пад на добивката.

„Кога добивката опаѓа речиси шестпати побрзо од приходите, тоа е предупредувачки знак за индустријата“, изјавил директорот на CAM, Штефан Брацел. Според него, производителите мора посилно да се насочат кон иновации што носат профит и кон поефикасни деловни структури.

На врвот на листата е Мерцедес, кој остварил 4.198 евра добивка по продаден автомобил, што претставува зголемување од 31 процент. БМВ бележи пад од околу една третина во однос на претходната година, но и натаму остварува 3.059 евра по возило. Тојота и Џенерал моторс се над индустрискиот просек.

Тесла остварила 1.335 евра по автомобил, малку под просекот, додека Форд, БИД, Шевролет и Сузуки бележат добивка од 994 до 1.254 евра по продадено возило.

Кинеските производители Џили, САИЦ и Грејт Вол остваруваат околу 700 евра по автомобил. Значително послаб резултат има Стелантис, сопственик на брендовите Опел, Пежо, Фиат и Ситроен, со само 250 евра добивка по возило.

На дното на листата е Фолксваген, со само 12 евра добивка по продаден автомобил. Сепак, овој резултат треба да се разгледува во контекст на високите еднократни трошоци за преструктурирање, кои според анализата на CAM достигнале вкупно 8,7 милијарди евра.

Прилагодената профитна маржа на германскиот производител изнесувала 3,8 проценти, што укажува дека компанијата сè уште има простор за намалување на трошоците и подобрување на ефикасноста. Се очекува добивката по продаден автомобил да се зголеми во наредниот период, кога ќе се намали влијанието на еднократните трошоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryogfqh0udo23rf1FcBki

Два хороскопски знака наскоро би можеле да пливаат во пари: Им се отвораат вратите на богатството

Вирално | пред 12 минути

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 21 час

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 21 час

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања