Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Фото) Ајкула забележена на само 40 метри од брегот кај Пула – ретка појава во Јадранот

Медиасет.мк
пред 4 месеци
ajkula-jadransko-more
Фото: Илустрација

Кај Пула, во близина на Веруела и Света стена, е забележана ајкула на оддалеченост од околу 40 метри од брегот, што предизвика внимание кај јавноста и локалните служби.

Аквариумот во Пула објави дека најверојатно станува збор за ајкула од видот „лисица“ (Alopias vulpinus), врз основа на фотографија испратена од очевидец, на која е видлива карактеристичната издолжена горна опашна перка.

Според објаснувањето на експертите, овој вид ја користи опашката како средство за лов, со кое ги онеспособува јатата мали риби како сардели и инќуни, кои се основна храна за овој предатор.

Станува збор за заштитен вид кој е на Црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата, каде е означен како ранлив, што значи дека му се заканува зголемен ризик од исчезнување.

И покрај големината, експертите наведуваат дека ајкулата „лисица“ генерално се смета за безопасна за луѓето, бидејќи избегнува контакт и има мирна природа. Овој вид повремено се приближува до крајбрежни води во потоплите делови на Јадранското Море, но ваквите појави се ретки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 16 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 17 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 19 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања