Најпознатата новогодишна елка во светот е избрана! Оваа година, „Рокфелер центар“ во Њујорк ќе биде украсен со 75-годишна норвешка смрека, висока 23 метри, донесена од местото Вест Едместон, во сојузната држава Њујорк.
Смреката треба да биде исечена кон крајот на следната седмица, а потоа ќе биде пренесена околу 320 километри до Менхетен. Свеченото палење на светилките, кое ќе се пренесува на националната телевизија, е закажано за 2 декември.
Елката ќе биде украсена со 50.000 разнобојни светилки со диоди, а на врвот ќе биде поставена ѕвезда „Сваровски“. Таа ќе остане изложена до 9 јануари, по што дрвото ќе биде преработено во градежна граѓа за организацијата „Хабитат фор хјуманити“.