Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

(Фото) Монолит, македонско знаме и волчица: Вака изгледа уникатната јакна што ја доби Дејвид Гета од Сатја Грабулоски

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-libraryt5ukge6lk7o9bJfuE5b

Светската диџејска ѕвезда Дејвид Гета вчеравечер направи спектакуларно шоу на арената „Тодор Проески“ во Скопје пред 50.000 публика, како заокружување на прославата 35 години независност на Македонија.

Гета во Скопје на подарок доби one-of-a-kind јакна, изработена специјално за него, од нашиот дизајнер Сатја Грабулоски и неговото SWithADot студио.

На ракавите на јакната се исцртани некои од неговите достигнувања во кариерата, дополнети со македонски симболи. На левиот ракав е монолитот над македонското знаме, дополнето со датумот на независноста на Македонија, Греми награда, неговиот дом Ибица, Џек Бек и песната Titanium претставена преку музички бранови.

media-libraryut3tibt4363cbQdwWP3

Десниот ракав има цртеж на волчица преку македонските планини, Купидон како асоцијација на When Love Takes Over и син музички бран во ритамот на истата песна, Pirate radio како асоцијација на неговите почетоци, како и Оne Love и Future Rave.

„Јакната ја завршивме релативно брзо, но тоа е затоа што во изминативе 6 дена, целиот S-тим работеше на неа деноноќно, во координација со тимот на Дејвид. За мене најважно е светските ѕвезди од Македонија да си отидат со најдобри впечатоци и најквалитетно парче уметност, нешто што мислам дека Гета вчера и го доби“, вели Грабулоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8rtsc8vbhkjsakqhnAB

(Видео) „Дали и ние сме вештачка интелигенција?“: Кардашијанс со необичен почеток на новата сезона

Сцена | пред 1 час

media-libraryquql6blcpi8882E5Q39

(Фото) Дуа Липа повторно во центарот на вниманието: Виолетов блејзер и црна долна облека

Вирално | пред 3 часа

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 4 часа

media-librarynhcpn0oapvnrdZnBWp0

Три хороскопски знаци влегуваат во најубавата деценија од животот: ги очекуваат успех и мир

Вирално | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања