Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

(Фото) НАСА објави слика од патот кон Месечината: Поглед на Земјата каков не сте виделе

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-librarykk895cqocglk1FGZSSR

Американската вселенска агенција НАСА објави први фотографии на планетата Земја снимено од вселенското летало Орион, за време на историската мисија Artemis II. Ова е прва мисија со астронаути кои одат околу Месечината по повеќе од 50 години.

Командантот на мисијата Рејд Вајзман сними спектакуларни глетки на Земјата преку прозорецот на капсулата Орион откако леталото ја напушти орбитата на Земјата.

На една фотографија се гледа целата Земја прикажана од далеку, со јасно видливи континенти, океани и облаци.

На друга слика Земјата е прикажана од друг агол низ прозорецот, а видливи се и поларните светлини, аврорите, кои го осветлуваат атмосферата.

Со една од фотографиите НАСА напиша „Hello, World“.

Овие слики претставуваат прв комплетен поглед на Земјата надвор од нејзината орбита кој го снимиле астронаутите уште од времето на мисии од програмата Аполо од седумдесеттите години. Тие обезбедуваат уникатна перспектива додека посадата патува кон Месечината.

Мисијата Artemis II е дел од програмата Артемис на НАСА, чија цел е повторно испраќање луѓе на Месечината и подготовка за идни слетувања на Месечината.

Леталото беше лансирано на 1 април 2026 година, носи четворица астронаути и треба да трае околу десет дена додека кружи околу Месечината и се врати на Земјата.

media-librarylgo67bgdqp3h2rBw2mL

Астронаутите спијат висејќи како лилјаци во капсулата „Орион“

Патувањето кон Месечината со вселенското летало „Орион“ на НАСА носи специфични предизвици, а еден од најнеобичните е начинот на кој екипажот се одмора. Во услови на микрогравитација, концептот на „кревет“ не постои, па астронаутите се принудени да спијат во вреќи прицврстени за ѕидовите на капсулата, висејќи во позиција која наликува на лилјаци.Иако за луѓето на Земјата ова изгледа како сцена од научно-фантастичен филм, астронаутите објаснуваат дека телото во вселената природно зазема т.н. „неу

Технологија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 41 минута

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања