Медиасет.мк logo
Промени тема
Филм

(Фото) По 18 години пронајден автомобилот на Пол Вокер од вториот дел на „Fast & Furious“

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-libraryjb405orejuhg6CkhuJc

Легендарниот Nissan Skyline R34 GT-R кој го возеше Пол Вокер во филмот „2 Fast 2 Furious“ повторно е пронајден по речиси две децении.

Автомобилот бил 18 години скриен од очите на јавноста, а целиот период бил сокриен во дневната соба на една куќа во Норвешка, каде сопственикот го чувал како вид експонат.

Години наназад, овој Nissan бил надвор од радарот на колекционерите, па дури се верувало дека е изгубен. Се покажало дека приватниот сопственик го чувал како „свет предмет“, паркиран меѓу мебелот.

Компанијата ChromeCars успеала да го пронајде и откупи дури по пет години преговори, по цена која се проценува на повеќе милиони евра.

Станува збор за главниот автомобил од филмот, еден од вкупно шест користени примероци, и веројатно единствениот кој останал целосно сочуван во оригинална состојба. Поради тоа има огромно значење за историјата на франшизата „The Fast and the Furious“ и за автомобилската култура воопшто, пренесува австралискиот портал 7news.

Автентичноста на возилото ја потврдил експертот Крег Либерман, кој учествувал во создавањето на автомобилите за раните филмови од серијалот.

Да потсетиме, актерот Пол Вокер загина на 30 ноември 2013 година, на 40-годишна возраст, додека со пријателите и финансискиот советник Роџер Родас тој ден, попладне, се возел со Porsche во местото Санта Кларита, во Јужна Калифорнија.

Роџер, кој бил возач, изгубил контрола над автомобилот, кој потоа удрил во електричен столб, по што автомобилот експлодирал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Бивша вработена на крузер открива: „Љубовта меѓу колеги на брод има и мрачна страна“

Патувања | пред 14 часа

media-libraryju0r0rf7rs485IcOeGp

(Видео) Возете се каде било во светот со користење вистински мапи и тоа директно од прелистувач

Технологија | пред 16 часа

media-libraryimh3bsg6ok3j9t4HSKB

(Видео) Ѓоковиќ се фати за микрофонот: Заедно со Владо Георгиев и Нигор ја пееше „Тропски бар“

Сцена | пред 18 часа

media-library7ed8kr3fjul65xn852f

Оваа плажа некогаш била депонија: Денес наместо песок има милиони шарени парчиња стакло

Патувања | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања