Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Фото) Само неколку дена по смртта на Доли Партон оштетена нејзината ѕвезда во Холивуд

Медиасет.мк
пред 1 месец
106261040-1574437753620gettyimages-1128907054

Само неколку дена по смртта на музичката легенда Доли Партон, нејзината ѕвезда на Холивудската патека на славните била оштетена со гребнатини. Веќе започнала и санацијата во Лос Анџелес.

Обожавателите по нејзината смрт оставаа цвеќе, пораки, свеќи и други спомени покрај ѕвездата, но во понеделникот еден од нив забележал оштетувања на името на пејачката.

Портпаролката на Холивудската стопанска комора, Ана Мартинез, потврди дека обожавател пријавил дека ѕвездата била оштетена. Таа додаде дека цвеќето било отстрането за да се изврши поправка, која и претходно била планирана, а првиот дел од работите веќе бил завршен.

Санацијата ја спроведува „Hollywood Historic Trust“, организација задолжена за одржување и поправка на ѕвездите на Холивудската патека на славните. Се очекува ѕвездата повторно да биде подготвена за посетители во петок, откако материјалот ќе се стврдне и ќе биде полиран.

Според тврдењата на обожаватели кои биле на местото, еден од работниците наводно рекол дека некој ја превртел свеќата, а потоа со парчиња скршено стакло ја изгребал ѕвездата.

Доли Партон ја доби својата ѕвезда на Холивудската патека на славните во јуни 1984 година. Таа почина на 25 август по кратка борба со ракот, а беше погребана три дена подоцна на едноставна церемонија, според нејзините желби, покрај сопругот Карл Дин, кој почина во март на 82-годишна возраст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

download-1-2-768x511-1

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Изборот влегува во завршна фаза

Сцена | пред 15 часа

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Меган Маркл откри зошто го прекинала контактот со татко си

Сцена | пред 17 часа

media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 19 часа

media-libraryj4rr1k003uo50UprisV

Почина Том Скерит, легендарниот актер од „Топ ган“ и „Осмиот патник“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања