Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Фото) Северина прошета низ Сицилија во ретро-издание, а сите гледаа во нејзината чанта од 30.000 евра

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-libraryagmidm0rorie4SPCTlB
Instagram/severina

Северина привлече внимание со ретро-издание на Сицилија, а најмногу се издвојуваше нејзината луксузна чанта „Хермес Кели“, чија цена достигнува и до 30.000 евра на пазарот за препродажба.

Пејачката (54) моментално престојува во Палермо, од каде што сподели фотографии и видео на Инстаграм. За прошетката низ италијанскиот град избрала поинаков стил од оној со кој публиката е навикната да ја гледа, определувајќи се за романтична комбинација со ретро-детали.

Северина носела црна чипкана блуза и долго здолниште со цветен дезен. Посебно внимание привлекле зелените обувки со отворени прсти и ниска потпетица, кои внеле боја во комбинацијата.

Изгледот го надополнила со црна чанта „Кели“ од луксузната модна куќа „Хермес“. Цената на моделот „Кели 25“ во европските бутици изнесува околу 9.600 евра, додека на пазарот за препродажба некои примероци достигнуваат цена и до 30.000 евра. Стајлингот го заокружила со златен накит.

Покрај фотографиите од улиците на Палермо, пејачката кратко напишала дека на Сицилија се однесува како вистинска Сицилијанка.

Нејзините објави привлекле големо внимание кај следбениците, кои во коментарите го пофалиле нејзиниот изглед. Дел од нив особено ја истакнале модната комбинација, а една следбеничка се присетила и на сопственото патување во Италија.

Иако за настапите често избира впечатливи сценски костими, овојпат Северина покажала поопуштено, но подеднакво елегантно издание за прошетка низ градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

cardi-b

(Видео) Карди Би привлече внимание со необична модна комбинација и огромен украс од пердуви

Сцена | пред 1 час

suzana-mancic

Сузана Манчиќ откри дека има диплома по право: „Сите беа зачудени кога отидов на естрадата“

Сцена | пред 3 часа

media-librarymaftjrrt0nvg1RvFgqT

Познати личности на кои им е забранет влез во одредени држави

Сцена | пред 22 часа

media-library6lhs7ru73o8o216hsfw

„Да ти цркне Мина“: Весна Петрушевска доби морничав коментар за ќерка ѝ по роденденската објава

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања