Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

(Фото) Тамара Котевска: Двете номинации за „Еми“ се еден од најважните моменти во мојата кариера

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-librarylfqnjc69kre36zzqV97

Македонската режисерка Тамара Котевска се огласи по повод двете номинации за престижните награди „Еми“ за филмот „The Tale of Silyan“, оценувајќи дека признанијата се меѓу најважните моменти во нејзината досегашна кариера.

Котевска преку објава на социјалните мрежи истакна дека двете номинации се потврда за вредноста на филмот и за работата на целиот тим кој учествувал во неговото создавање.

Филмот е номиниран во категоријата за кинематографија, за работата на Жан Дакар, како и за специјално признание за креативната вредност и општественото влијание на делото.

„Да имаш две номинации за наградите „Еми“ е еден од најважните моменти во мојата кариера и вистинска потврда за вредноста на мојот филм „The Tale of Silyan““, напиша Котевска.

Таа сподели и дека присуството на свеченоста на доделувањето на наградите било посебно искуство.

Котевска нагласи дека самите номинации и можноста филмот да биде претставен на ваков настан ги доживува како своевидна победа, која ја споделува со целиот тим.

„Искуството на свеченоста беше спектакуларно, нешто што ќе се памети. Да ги имаме овие номинации и да бидеме таму беше победа сама по себе, која ја споделивме со тим кој е моќен сам по себе“, напиша таа.

На крајот, Котевска испрати порака за нови успеси, со желба ваквите признанија да бидат само продолжение на идните проекти и достигнувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryda4mpjdjhokmdVbkm7X

„Мојата жена, мојата ѕвезда“: Јамал со еден коментар ги подгреа гласините за врската

Сцена | пред 7 часа

media-libraryvdiqm2dljg743m7GZ2v

Јелена Карлеуша откри дека сака да ја претставува Србија на Евровизија

Сцена | пред 9 часа

media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Петиција со над 1.500 потписи за забрана на Јаков Јозиновиќ во Србија по снимка на која пее песна на Томпсон

Сцена | пред 20 часа

2110449_profimedia0491810859-pronc-hari-megan-markl_ls

Хари и Меган ќе го поминат Божиќ со мајката на Меган, а не со кралското семејство

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања