Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Франција преку Парагвај до четвртфинале, Дешамп стравувал за Мбапе

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-library5odsev01qor28PWHJZq
Kylian Mbappé

Француската репрезентација обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, откако со минимални 1:0 го совлада Парагвај во натпревар исполнет со цврста и груба игра. Единствениот погодок го постигна Килијан Мбапе од пенал во второто полувреме, со што „сините“ си закажаа дуел со Мароко.

По натпреварот, селекторот Дидие Дешамп откри дека бил загрижен поради честите остри стартови врз неговите фудбалери, особено кон капитенот Мбапе, па на крајот од средбата им дал посебна задача на двајца свои играчи.

„Им реков на двајца од нашите најсилни играчи да останат покрај Килијан до крајот на натпреварот, бидејќи се плашев дека ќе го соборат. Не беше лесен меч. Ги користеа сите можни средства. Тоа можеби не е фудбал што ги привлекува гледачите, но добро се бранеа. Секогаш е тешко против јужноамериканските селекции“, изјави Дешамп.

Иако Франција имаше иницијатива и поголем посед на топката, тешко создаваше шанси против дисциплинираната одбрана на Парагвај. Решавачкиот момент се случи во 70. минута, кога по прекршок врз Дезире Дуе беше досуден пенал, а Мбапе сигурно го реализираше.

Францускиот напаѓач истакна дека неговиот тим бил подготвен и за ваков тип натпревар.

„Знаевме што нè очекува. Ако треба да играме цврсто и борбено, можеме и така. Можеби мислеа дека ќе дојдеме само да играме убав фудбал, но бевме подготвени за борба. И во ваков натпревар покажавме дека сме подобар тим. Тоа е нивниот стил, а ние успеавме да го надминеме и да победиме“, изјави Мбапе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library95a6uctk8oikaInxc5O

(Видео) Сергеј Варошлија: Сè уште сум на суд поради модни критики!

Сцена | пред 32 минути

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarymslk2s8q210jarrJouH

Голема вест за фановите: Малума ја вклучи Приштина во светската турнеја за 2027 година

Сцена | пред 2 дена

media-library5qcv1rtnih224cN8m3Q

Реј го изедначи рекордот на Бијонсе со 11 номинации за „Греми“

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања