(Галерија) Греано вино и добра музика -„Нокаут“ ги врати скопјани во времето на добрите журки
Групата „Нокаут“ синоќа имаа одличен предновогодишен концерт кај Сити мол во Скопје. За бројната публика во која имаше многу млади, бендот понуди незаборавни два часа одлична музика и журка, која уште подобро одеше со чашка греано вино, па на никој не му сметаше ладното време.
Песните на „Нокаут“ се пееја во еден глас, а расположнието беше на ниво, што е номално кога се Нокаут во прашање, но и две години пандемија и скоро никаков социјалнен живот.
Во публиката имаше и од повозрасните генерации кои буквално уживаа во песните на Нокаут, оние со кој бендот се прослави на музичката сцена кон крајот на 90.тите.
Студеното време не им пречеше да се забавуваат. Сите пиеја греано вино и јадеа крофни и тоа беше дооволно да се ужива во „Временска машина“, „Телефонскиот број не постои“, „Позитивно“, „Самовила“, „Во бестрага“ и уште многу други.
„Тоа што сте тука значи дека давате поддршка за македонската авторска музика“, рече Пере и продолжи со својот бенд да ги забавува скопјани.
Пејачот го најави и неговиот јубилеен концерт 25 години постоење на „Нокаут“, кој треба да се одржи наредната година во салата „Борис Трајковски“ на отворено.
За потсетување, минатата недела концерт пред Сити мол имаше и Тамара Тодевска, а до крајот на годината тука ќе се одржат и други концерти и претстави за мали деца.
Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври
Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.
Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.
Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“
Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.
Ќе се пеат песните на Тоше Проески, Влатко Илиевски, Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.
Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии, а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се зборува и низ чаршијата.
Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.