Connect with us

#ФАЦИ

(Галерија) Пандов го глуми Тодор Александров – Слобода или смрт

Александар Пандов, поранешен пратенк на ВМРО-ДПМНЕ и аналитичар, облечен како Тодор Александров, тргна накај Крушево за Илинден. Со комитите оди по патот на Црешовото топче.

Денес кажа дека бил на врв во шатор на планината Бистра, а и до манастирот „Св. Јован Бигорски“, од каде сподели и фотографии. И Рашела Мизрахи, поранешната министерка за труд и социјална политика е со него.

„Прекрасен ден. Дури сега стигнав да одберам фотографии, легнат во шатор на врвот од планината Бистра. Добра ви ноќ Македонци каде и да сте“, напиша Пандов. Под една од сликите што ги објави, напиша Слобода или смрт.

Објавата на Пандов не ги остави рамнодушни ни на социјалните мрежи. Па освен што паднаа од смеење оти ептен бил во филмот на Тодор Александров, се шегуваат и за целата сценографија и костимите со кои се оди до Крушево за Илинден.

„Да не се вмровците, ќе пукнеме од досада во државава. Одувек ги бивало за драми. Да го оставиме човекот да отиде на прослава во Крушево за 2 август со сета сценографија и кореографија, како што имено намерил“, пишуваат на социјалните мрежи за Пандов.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

„Стринг форсис“ го објави петтиот албум

Македонската група „Стринг форсис“ го промовираше петтиот студиски албум, со наслов „Соголи ме“. Албумот беше издаден оригинално само во дигитален формат во 2017 година, а сега е ставен на ЦД.

„За да останеме верни на традицијата песните да ги ставиме на носач на звук, во време кога сите се навраќаат на винилот, ние решивме да се навратиме на цедето. Четири години не се малку време, поради што првобитната идеја за ремастер за цеде се претвори во идеја за нов поглед кон песните од албумот и потполно нов микс на истиот материјал“, велат од издавачката куќа Profundus.

„Стринг форсис“ певиот албум го издадоа 1999 година, насловен по името на бендот, String Forces, а потоа излегоа и „Изохронија“, „Свиленкаст пат“, Reductio Ad Absurdum, Соголи ме.

Тие имаат и пет албума во живо, снимени на нивните настапи: Live at Kanal 103, 21​.​02​.​2010; [email protected] 26; MRTV Unplugged; Live​@​Vega & Havana Club; Live​@​MKC & Alter Scenе.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Пред девет години ова време веќе ја врзував краватата: Сашко и Смиљана прославија годишнина од брак

Глумецот Сашко Коцев и сопругата Смиљана прославија девет години брак. Сашко објави фотографија од нивната свадба и напиша дека пред девет години ова време веќе ја врзувал краватата и се спремал за венчавката. Неговите фанови му честитаа и им посакаа уште многу убави заеднички моменти.

За потсетување, Сашко ја побара Смиљана за жена додека беше на сцената за време на одржувањето на „Златна бубамара“. Парот ја има ќерката Јоана, која се роди во 2017 година, а со која често може да се видат на заеднички прошетки во Аеродром или на кејот на Вардар.

Коцев неодамна беше избран за најдобар актер на филмскиот фестивал „Аванка 2021“, а деновиве во Словенија ја снима романтичната комедија „Нешто слатко“ со колешката Јелена Јованова.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Видео) Боби Павловски во Белград сними спот за новата песна

Македонскиот пејач Боби Павловски има нова песна, „Калдрма“, за која спотот го сними во Белград. Автор на музиката и текстот на оваа балада е Љубинко Танасиќ, аранжманот го направи Милан Раѓен, а нов соработник во песната е Ивана Селаков, која јавноста ја памети по многуте хитови и особено по дуетот со Аца Лукас. Режисер на видеото е Љуба Радоевиќ.

Новата песна на Боби е најава за албумот на кој музичарот работи веќе некое време.

„Се гордеам на целиот проект и едвај чекам на јавноста да ѝ го претставам целиот албум. Пред да го промовирам албумот во план ми е да пуштам уште три песни, од кои едната ќе биде дует. Морам да признам дека оваа песна во мене разбуди посебна емоција уште кога ми ја понудија и не ми е срам да кажам дека додека ја снимав сцената како свирам на клавир, плачев“, вели Боби.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: