Connect with us

#ФАЦИ

(Галерија) Политичари, пејачи, обични граѓани: Сите на концерт на „Архангел“ и Филхармонија во Градски парк

„Архангел“ и Филхармонија вчеравечер во Градскиот парк под отворено небо направија вистинска урбана журка. Спој на генерации поради кои се чувствуваше пулсот на градот, баш оној кој го заборавивме поради пандемијата. Вчера се одбележаа 58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, па „Архангел“ и Филхармонија беа вистинскиот избор и по ќеф на скопјани и заради добра музика на култниот македонски бенд.

Цели семејства, групи пријатели, луѓе од сите возрасти ги пееја хитовите на Ристо Вртев, ама овој пат со нов аранжман на Џијан Емин. Беше вистинско уживање во живо да се слушнат „Чудесен свет“, „Милион долари“, „Нова ера“, „Убермакедонише“, песни кои го одбележаа „Архангел“ како култен бенд на македонската музичка сцена.

„Се надевам дека со овој концерт ќе направиме нашиот град да биде уште поубав“, рече Ристо Вртев пред бројната публика.

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета, градоначалникот Петре Шилегов заедно со министерот Венко Филипче и вицепремиерот Љупчо Николовски се забавуваа на тревникот во Градскиот парк и беа дел од скопската журка.

„Ни требаат многу вакви и слични настани, време е Скопје да заживее“, се слушаше во публиката, која не криеше дека концертот на Филхармонија и „Архангел“ беше вистински избор за да се одбележи 26 јули и годишнината од земјотресот.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

„Стринг форсис“ го објави петтиот албум

Македонската група „Стринг форсис“ го промовираше петтиот студиски албум, со наслов „Соголи ме“. Албумот беше издаден оригинално само во дигитален формат во 2017 година, а сега е ставен на ЦД.

„За да останеме верни на традицијата песните да ги ставиме на носач на звук, во време кога сите се навраќаат на винилот, ние решивме да се навратиме на цедето. Четири години не се малку време, поради што првобитната идеја за ремастер за цеде се претвори во идеја за нов поглед кон песните од албумот и потполно нов микс на истиот материјал“, велат од издавачката куќа Profundus.

„Стринг форсис“ певиот албум го издадоа 1999 година, насловен по името на бендот, String Forces, а потоа излегоа и „Изохронија“, „Свиленкаст пат“, Reductio Ad Absurdum, Соголи ме.

Тие имаат и пет албума во живо, снимени на нивните настапи: Live at Kanal 103, 21​.​02​.​2010; [email protected] 26; MRTV Unplugged; Live​@​Vega & Havana Club; Live​@​MKC & Alter Scenе.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Пред девет години ова време веќе ја врзував краватата: Сашко и Смиљана прославија годишнина од брак

Глумецот Сашко Коцев и сопругата Смиљана прославија девет години брак. Сашко објави фотографија од нивната свадба и напиша дека пред девет години ова време веќе ја врзувал краватата и се спремал за венчавката. Неговите фанови му честитаа и им посакаа уште многу убави заеднички моменти.

За потсетување, Сашко ја побара Смиљана за жена додека беше на сцената за време на одржувањето на „Златна бубамара“. Парот ја има ќерката Јоана, која се роди во 2017 година, а со која често може да се видат на заеднички прошетки во Аеродром или на кејот на Вардар.

Коцев неодамна беше избран за најдобар актер на филмскиот фестивал „Аванка 2021“, а деновиве во Словенија ја снима романтичната комедија „Нешто слатко“ со колешката Јелена Јованова.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Видео) Боби Павловски во Белград сними спот за новата песна

Македонскиот пејач Боби Павловски има нова песна, „Калдрма“, за која спотот го сними во Белград. Автор на музиката и текстот на оваа балада е Љубинко Танасиќ, аранжманот го направи Милан Раѓен, а нов соработник во песната е Ивана Селаков, која јавноста ја памети по многуте хитови и особено по дуетот со Аца Лукас. Режисер на видеото е Љуба Радоевиќ.

Новата песна на Боби е најава за албумот на кој музичарот работи веќе некое време.

„Се гордеам на целиот проект и едвај чекам на јавноста да ѝ го претставам целиот албум. Пред да го промовирам албумот во план ми е да пуштам уште три песни, од кои едната ќе биде дует. Морам да признам дека оваа песна во мене разбуди посебна емоција уште кога ми ја понудија и не ми е срам да кажам дека додека ја снимав сцената како свирам на клавир, плачев“, вели Боби.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: