Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Георгина Родригез наводно ги посвоила трите најстари деца на Роналдо

Медиасет.мк
пред 2 месеци
uploads_thumbs_resize_800x420_508162

Георгина Родригез, сопругата на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, наводно го завршила правниот процес за посвојување на неговите три најстари деца – Кристијано Роналдо Јуниор и близнаците Ева и Матео, објавија португалски медиуми.

Доколку информациите бидат потврдени, Родригез и правно би станала мајка на сите деца на Роналдо. Таа веќе е правно признаена како мајка на двете ќерки што ги има со фудбалерот – Алана Мартина и Бела Есмералда, пишува шпанскиот весник „АС“.

Роналдо и Родригез се венчаа на 11 август во својот дом во португалскиот град Кашкаиш, на денот што се совпадна со десетгодишнината од нивната прва средба во продавница на „Гучи“ во Мадрид.

Роналдо го доби синот Кристијано Јуниор во 2010 година, додека близнаците Ева и Матео се родени во 2017 година. Истата година Родригез ја роди нивната прва ќерка Алана Мартина, а во 2022 година се роди Бела Есмералда.

Двојката во 2022 година го загуби синот Анхел, братот близнак на Бела, кој почина за време на породувањето.

Во текот на десетгодишната врска со Роналдо, Родригез имала значајна улога во животот на сите негови деца, со кои заедно поминувале одмори, семејни прослави и други важни моменти.

Шпанската новинарка Белен Родригез изјавила дека Георгина и пред евентуалното правно посвојување ги доживувала децата на Роналдо како свои, бидејќи сите пет деца растеле заедно.

„Во суштина, тоа се и децата на Георгина. Сите пет деца растеа заедно од мали. Таа секогаш велеше дека тоа се нејзини деца“, изјавила таа во шпанската телевизиска емисија „El Verano Se Mueve“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 18 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 19 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања