Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Ѓоковиќ откри што го изнервира по победата на Вимблдон

Медиасет.мк
пред 4 месеци
novak

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на Вимблдон, но призна дека долгото чекање пред почетокот на натпреварот со Стефанос Циципас го изнервирало.

Српскиот тенисер го совлада Гркот за околу час и половина игра, но на теренот излезе подоцна од планираното поради долгите мечеви што му претходеа.

„Долго чекавме и тоа малку ме иритираше. Повторно игравме доцна и со затворен покрив, па условите беа поинакви. Овојпат подобро се снајдов и мислам дека сервирав навистина добро, особено кога се соочував со брејк-топки“, изјави Ѓоковиќ.

Во следната рунда ќе се сретне со Французинот Артур Риндеркнеш, за кого очекува тежок предизвик.

„Цело време тренирав на отворено, а сега за првпат играв во затворени услови. Така се погоди, бидејќи претходните мечеви траеја долго. Утре ќе се посветам на закрепнување, бидејќи најважно е да ја сочувам енергијата за продолжението на турнирот. Риндеркнеш има одличен сервис и мора добро да се подготвам. Сè уште не сум целосно задоволен од мојот ритерн и од некои реакции, но продолжуваме понатаму“, порача Ѓоковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 15 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 16 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 18 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања