Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Ѓоковиќ по пласманот во четвртфиналето: Не размислувам за рекордите на Федерер

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryi8v4565g05ik9GhE7S8

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако го совлада Роман Сафиулин со 3:1 во сетови, а по мечот зборуваше за својата физичка подготвеност, настапот и рекордот што го надмина на лондонската трева.

Српскиот тенисер истакна дека со текот на годините закрепнувањето станало клучен дел од неговата подготовка.

„Сега поминувам многу повеќе време во закрепнување отколку порано, затоа што моето тело го бара тоа. Не уживам во тој дел, но тоа е неопходно. Во текот на кариерата секогаш барав најдобри методи – хипербарични комори, инфрацрвена терапија, ледени бањи и многу други работи што ги користам и денес“, изјави Ѓоковиќ.

Тој призна дека не бил задоволен од својата игра против Сафиулин.

„Физички сум добро, но не уживав во мојата игра. Противникот ме притискаше и одигра одлично. Особено ми беше тешко во вториот сет. Сепак, победата е победа, дури и кога ќе дојде со неубедлива игра“, рече српскиот ас.

Со триумфот, Ѓоковиќ го надмина Роџер Федерер по бројот на победи на Вимблдон, но нагласи дека тоа не му претставува посебна мотивација.

„Воопшто не ми е приоритет да го изедначам или надминам рекордот на Федерер. Искрено, тоа за мене нема некое големо значење. Дури по претходниот меч дознав за тој податок“, истакна тој.

Осврнувајќи се на своите емотивни реакции на теренот, Ѓоковиќ рече дека не е горд кога ги покажува, но дека понекогаш тоа е дел од спортот.

„Перфекционист сум и секогаш сакам да играм на највисоко ниво и за себе и за публиката. Но, тоа не е секогаш возможно. Најважно е да продолжам понатаму и да бидам подобар во следниот натпревар“, додаде тој.

Во четвртфиналето на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе игра против победникот од дуелот меѓу Феликс Оже-Алијасим и Алехандро Давидович Фокина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 18 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 19 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања