Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Ѓоковиќ предложи пократок формат на мечевите, Клајстерс му возврати: Најубавите мечеви траат четири-пет часа

Медиасет.мк
пред 2 месеци
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Новак Ѓоковиќ ја отвори дебатата за можни промени во тенисот, предлагајќи пократок формат на мечевите, но неговата идеја веднаш наиде на критики од поранешната светска тенисерка број еден, Ким Клајстерс.

Белгијката истакна дека ги разбира аргументите за модернизација на спортот, особено од аспект на телевизиските преноси и организацијата на турнирите, но смета дека скратувањето на мечевите би одзело еден од најпрепознатливите белези на тенисот.

Ѓоковиќ предложи сетовите да се играат до четири освоени гема, а при резултат 40:40 да нема предност, со цел натпреварите да бидат пократки и полесни за планирање.

„Нема ништо поубаво од меч што трае четири или пет часа. Такви натпревари не се случуваат секој ден, но токму тие остануваат запаметени“, изјави Клајстерс.

Таа потсети на легендарните пресметки на Ѓоковиќ со Роџер Федерер и Рафаел Надал, како и на неговите понови дуели со Јаник Синер, оценувајќи дека токму тие долги и исцрпувачки натпревари ја испишуваат историјата на тенисот.

Клајстерс призна дека од телевизиски и комерцијален аспект постојат аргументи во корист на пократки мечеви, бидејќи нивното времетраење е тешко да се предвиди.

„Разбирам што зборува Новак и често го слушам истото од луѓето од телевизиската индустрија. Тоа би им олеснило на многу страни што инвестираат во тенисот“, рече таа.

Сепак, поранешната четирикратна гренд слем шампионка нагласи дека е приврзаник на традиционалниот формат.

„Јас сум од старата школа и не сакам да гледам премногу промени во нашиот спорт. Токму тие долги и неизвесни мечеви на гренд слем турнирите го прават тенисот посебен“, порача Клајстерс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 20 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 21 час

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања