Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Ѓоковиќ против Сафиулин за четвртфинале и нов рекорд на Вимблдон

Медиасет.мк
пред 3 месеци
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.38

Новак Ѓоковиќ денеска од 14:30 часот ќе се бори за пласман во четвртфиналето на Вимблдон, каде што за противник ќе го има Русинот Роман Сафиулин.

Организаторите одлучија српскиот тенисер повторно да го отвори дневниот распоред на Централниот терен, откако и во претходната рунда настапуваше во истиот термин.

До осминафиналето Ѓоковиќ стигна со победи над Артур Риндеркнеш, Стефанос Циципас и Ву Јибинг, додека Сафиулин, кој настапот го почна преку квалификациите, продолжи со одличните игри и избори дуел со седумкратниот шампион на Вимблдон.

Ова ќе биде четврта меѓусебна пресметка на двајцата тенисери. Ѓоковиќ ги добил сите претходни три дуели, но ова ќе биде нивен прв натпревар на тревната подлога во Лондон.

Со евентуален триумф, српскиот ас ќе направи уште еден чекор кон рекордната 25. грен-слем титула, како и кон осмиот трофеј на Вимблдон.

Покрај тоа, Ѓоковиќ ќе има можност да ја запише и 106. победа на Вимблдон, со што ќе го надмине Роџер Федерер и ќе стане тенисерот со најмногу победи во историјата на најпрестижниот тениски турнир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 18 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 19 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања