Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Ѓоковиќ се фати за микрофонот: Заедно со Владо Георгиев и Нигор ја пееше „Тропски бар“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryimh3bsg6ok3j9t4HSKB

Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, слободните денови пред продолжението на сезоната ги користи за одмор на црногорското приморје, а синоќа ги изненади посетителите на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови.

Српскиот тенисер се појави меѓу публиката и во текот на целата вечер уживаше во атмосферата, пеејќи и танцувајќи на хитовите на популарниот пејач.

Кулминацијата на вечерта следуваше кога Ѓоковиќ се искачи на сцената, го зема микрофонот и заедно со Владо Георгиев и Игор Лазиќ – Нигор ја отпеа познатата песна „Тропски бар“.

Снимките од настапот за кратко време се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни позитивни реакции, а многумина коментираа дека е убаво да се види тенискиот ас како опуштено ужива во заслужениот одмор.

По кратката пауза, Ѓоковиќ ќе ги започне подготовките за Мастерс турнирот во Синсинати, кој традиционално претставува генерална проба пред последниот гренд слем во сезоната – УС Опен.

На претстојниот УС Опен, покрај настапот во сингл конкуренција, Ѓоковиќ ќе игра и во мешани двојки, каде партнерка ќе му биде светската тениска ѕвезда Арина Сабаленка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 15 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 16 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања