Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Филм

Глобална експанзија на Нетфликс: За една деценија потрошени 135 милијарди долари на филмови и серии

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-libraryhq7v3rn4vdep5WKrY1U

Американската стриминг платформа Netflix соопшти дека во последната деценија потрошила околу 135 милијарди долари за продукција на филмови и телевизиски серии во повеќе од 50 земји.

Податоците се објавени на новата платформа на компанијата наречена „Ефектот на Нетфликс“, со која американскиот стриминг гигант се обидува да го прикаже економското влијание на своите продукции, пренесува Bloomberg.

Нетфликс наведува дека ангажирал повеќе од 425.000 луѓе и истовремено вклучил голем број статисти, добавувачи и локални услужни фирми.

Според компанијата, продукциите вклучувале стотици илјади дополнителни работници и надворешни партнери – од кетеринг до историски консултанти – што се користи како аргумент за поширок економски ефект на индустријата на стриминг.

Компанијата исто така ги истакнува индиректните економски ефекти од своите проекти, вклучувајќи раст на авионскиот сообраќај во Јужна Кореја и зголемен интерес за учење корејски јазик по популарни серии и филмови.

Како што тврди Нетфликс, Јужна Кореја забележала раст од 25% во резервации на авионски билети, а учењето корејски на Duolingo пораснало за 22% по премиерата на анимираниот филм „К-поп: Ловци на демони“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybtu4mm4bpmu44xAIrOO

(Видео) Од тениските терени во Холивуд: Новак Ѓоковиќ ќе глуми со Роберт де Ниро и Аријана Гранде, филмот излегува на 25 ноември

Филм | пред 1 час

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 3 дена

media-libraryd2cf6kabeln7195z3Ad

(Видео) Објавена нова сцена од серијата „Хари Потер“, гледачите не се воодушевени од изгледот

Филм | пред 3 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања