Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Голем пад на продажбата на iPhone во Кина

Медиасет.мк
пред 2 години

Продажбата на iPhone на Apple во Кина падна за 24 отсто во првите шест недели од оваа година во споредба со почетокот на 2023 година, според истражувачката компанија Counterpoint, што е одраз на се посилната конкуренција.

Американскиот технолошки гигант се соочува со жестока конкуренција од кинеските ривали. Така, продажбата на Huawei скокнала за 64 отсто во истиот период, се наведува во извештајот.

Ниту Apple ниту Huawei веднаш не одговорија на барањето на BBC за коментар на податоците.

Покрај обновениот раст на продажбата на Huawei во сегментот на поскапи телефони, Apple е под притисок и од агресивната ценовна политика на кинеските Oppo, Vivo и Xiaomi, напиша Менгменг Џанг од Counterpoint Research.

Според извештајот, им тежеше падот на кинескиот пазар во целина, за седум проценти. Кина е еден од најголемите пазари на Apple.

Huawei со години е измачуван од американските санкции, но неговата продажба порасна откако во август минатата година ја лансираше серијата 5G мобилни телефони Mate 60, што ги изненади аналитичарите бидејќи му беше забранет пристапот до клучните чипови и технологијата потребни за 5G мобилен интернет.

Заедно со Huawei, само Honor забележа раст на продажбата меѓу првите пет брендови, според извештајот на Counterpoint. Според Counterpoint, Vivo, Xiaomi и Oppo продале помалку мобилни телефони отколку во првите шест недели од 2023 година.

Извештајот исто така покажа дека уделот на Apple на кинескиот пазар на паметни телефони паднал на 15,7 отсто, од 19 отсто минатата година, што значи дека паднал од второто на четвртото место.

Huawei се искачи на второто место, со пазарен удел од 16,5 отсто, речиси двојно повеќе од пред една година.

Vivo ја задржа позицијата на производител со најмногу продадени мобилни телефони и покрај падот на продажбата од 15 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 12 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 16 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 23 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања