Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Google го паузираше програмот за откривање грешки: „Затрупани сме со невалидни пријави“

Медиасет.мк
пред 1 месец
104637042-GettyImages-513101776

Google привремено го стопираше својот програм за наградување на истражувачи кои откриваат безбедносни пропусти во софтверот со отворен код, откако компанијата се соочила со голем број автоматизирани пријави.

Програмот „Open Source Software Vulnerability Rewards Program“ е паузиран од 1 октомври, а од Google најавуваат дека нови информации за неговото продолжување ќе бидат објавени во првиот квартал од 2027 година.

Од компанијата наведуваат дека причината за одлуката е значителниот пораст на автоматизирани пријави, од кои огромното мнозинство не биле валидни.

Според пишувањето на „Tom’s Hardware“, инженерите на Google и тимовите задолжени за одржување на софтверот со отворен код биле преоптоварени со извештаи кои содржеле невалидни информации или таканаречени „халуцинации“.

Проблемот се поврзува и со пошироката загриженост во сајбер-безбедносната заедница за употребата на вештачка интелигенција при создавањето автоматизирани пријави. Претходно биле упатувани предупредувања дека несигурната содржина генерирана со вештачка интелигенција може да претставува сериозен ризик за програмите за наградување при откривање софтверски пропусти.

Од Google преку платформата X и на страницата на програмот потврдиле дека програмот е ставен во мирување, а учесниците во меѓувреме се упатуваат кон другите програми на компанијата за наградување за откривање грешки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања