Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Google се буни против правилата на ЕУ: Не сака да споделува податоци со OpenAI

Медиасет.мк
пред 1 седмица
media-libraryh2vqk9e07ijtd3tD2N8
фото: unsplash

Google побара од Судот на Европската Унија привремено да ја суспендира одлуката со која компанијата е обврзана да овозможи пристап до дел од својата база на податоци од пребарувањето за OpenAI и други конкурентски пребарувачи.

Компанијата веќе покрена судска постапка против Европската комисија поради одлуката, а сега поднесе и барање за привремена мерка пред Општиот суд во Луксембург.

Од Google велат дека ваквата мерка е неопходна поради, како што тврдат, ризикот од сериозна штета за приватноста и безбедноста на европските корисници. Компанијата смета дека споделувањето на податоците би можело да влијае врз безбедносните механизми и заштитата на личните податоци.

Европската комисија ја донесе спорната одлука во јули, со цел да им овозможи на конкурентите, особено на компаниите што развиваат алатки со вештачка интелигенција, да се натпреваруваат со Google во порамноправни услови.

Од Комисијата претходно порачаа дека при донесувањето на одлуката биле земени предвид безбедноста и интегритетот на системите, како и потребата од заштита на личните податоци на крајните корисници.

Google, сепак, смета дека наредбата носи сериозни ризици за приватноста на милиони корисници во Европа и затоа бара нејзино привремено запирање додека трае судската постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryii7cqu8iecap17savKW

НАСА испраќа опрема на Месечината за да открие дали под површината се крие огромен тунел

Технологија | пред 8 часа

media-librarypb6c9ngalb606HnWF01

Вештачката интелигенција открива што гледате, но експертите предупредуваат на ризици за приватноста

Технологија | пред 9 часа

media-libraryjuiqhiqh0jqb6VDYTaU

Глобалните испораки на мобилни телефони паднаа на најниско ниво од 2012 година

Технологија | пред 11 час

media-libraryfs0j2258gt982KKKhMU

Крај за култните јапонски телефони на преклоп: старите мобилни мрежи се гасат

Технологија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања