Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Грчки остров што сè повеќе привлекува туристи: Интересот за Самос пораснал за 75 отсто

Медиасет.мк
пред 17 минути
media-libraryhp4uo6q7c5rbaMHUr6O
unsplash

Додека најпознатите грчки острови секое лето се преполни со туристи, еден помалку познат бисер во Егејското Море сè повеќе го привлекува вниманието на патниците. Станува збор за Самос, остров во близина на турскиот брег, кој нуди прекрасни плажи, традиционални села, богата историја и автентична грчка атмосфера.

Според извештајот „Skyscanner Travel Trends 2027“, интересот за Самос пораснал за дури 75 отсто во споредба со претходната година, со што островот се вбројува меѓу туристичките дестинации во подем.

За разлика од најпопуларните грчки летувалишта, Самос сè уште ја зачувал помирната атмосфера, со мали семејни таверни, камени куќи, скриени заливи и долги летни вечери покрај морето. Островот е познат по бујната вегетација, маслиновите насади, лозјата и разновидните плажи.

Меѓу најубавите се издвојуваат Псили Амос, со песочен брег и плитка вода, Цамаду, позната по тиркизното море и белите камчиња, Лемонакија, опкружена со зеленило, како и Потами и Микали, кои нудат поинакво природно опкружување и поглед кон турскиот брег.

Посебен шарм имаат и населените места на островот. Кокари е живописно рибарско место со шарени куќи, тесни улички и таверни покрај морето. Питагорио, именувано по познатиот математичар Питагора, привлекува со своето пристаниште, рестораните и историските знаменитости, додека Вати е административен центар со неокласични градби и традиционални ресторани. За љубителите на автентичниот островски живот, вреди да се посетат и планинските села Манолатес и Вурлиотес.

Самос е привлечен и за љубителите на историјата. На островот се наоѓаат античкиот Питагорио и светилиштето Херајон, кои се под заштита на УНЕСКО. Значајна знаменитост е и тунелот на Евпалинос, антички водоводен објект кој претставува извонредно достигнување на тогашното градежништво.

Островот е познат и по производството на слатко мускатно вино, еден од неговите најпрепознатливи локални производи.

Иако Самос не е целосно непозната дестинација и во главната туристичка сезона има посетители, сè уште не е зафатен од масовниот туризам како некои од попознатите грчки острови. Токму тоа, заедно со прекрасните плажи, традиционалната кујна и богатото културно наследство, го прави интересен избор за оние што сакаат поинакво летување во Грција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 19 часа

media-library1u8h2ga1l91tbR4uTdY

Планирате патување во Тунис? Еве што треба да знаете пред да тргнете

Патувања | пред 23 часа

media-library55i5smuvs8h89Ou0fzk

Каде да побегнете од студот во ноември: Фуертевентура нуди сонце и песочни плажи

Патувања | пред 1 ден

media-libraryflmfvpggehp00IjVkvV

Овие 10 места стануваат сè попопуларни меѓу туристите: Интересот за една дестинација пораснал за 501 отсто

Патувања | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања