Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Груевски на Саемот на книгата: „Добро е да се знае 2“

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-libraryb4ik2917evnlc1hRm1k

Книгата „Добро е да се знае 2“ од поранешниот премиер Никола Груевски, кој со години престојува во Унгарија како азилант, е изложена и се продава на актуелниот Саем на книга во Скопје.

На фотографиите од штандот може да се види дека изданието е поставено на видно место, со повеќе примероци достапни за посетителите. Станува збор за продолжение на првиот дел, со поднаслов „есеи за значајни историски мигови“, што е истакнато и на корицата.

Според содржината, книгата обработува теми поврзани со македонската историја, револуционерното движење и националниот идентитет, преку текстови, документи и интерпретации на историски настани и личности. Во предговорот авторот наведува дека делото има за цел да понуди поширок контекст за историските случувања и да отвори простор за, како што наведува, „осветлување“ на одредени теми.

Во делот „Содржина“ се наведени текстови посветени на личности како Гоце Делчев, Јане Сандански и други историски фигури, како и осврти на настани од различни периоди, вклучително и Илинденското востание и политичките процеси во регионот.

Присуството на книгата на саемот е во моменти кога Унгарија добива нова власт, Виктор Орбан заминува, а идниот премиер Петер Маѓар најави можна екстрадиција на Груевски.

Претходно Груевски издаде и двотомно издание на „Будимпештански записи”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 14 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 14 часа

media-libraryq3hiq76c7no94iGHdp8

Весна Змијанац се враќа во Скопје, пет децении музика, емоции и безвременски хитови на големата сцена во арената „Борис Трајковски“

Сцена | пред 20 часа

media-libraryttfqlfk15v3h0TbAb7D

(Видео) По лажните тврдења за апсење поради перење пари, се појавија нови снимки од наводна акција за одземање на автомобилите на Бака Прасе

Сцена | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања