Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Гугл ќе плати 403 милиони евра поради начинот на кој ги обработувал податоците за локацијата на корисниците

Медиасет.мк
пред 3 седмици
google-headquarters

Ирската Комисија за заштита на податоците (DPC) го казни Гугл со 403 милиони евра поради прекршување на правилата на Европската Унија за заштита на личните податоци при обработката на податоците за локацијата на корисниците.

Ирскиот регулатор утврдил дека компанијата во периодот од 2018 до 2020 година ги прекршила одредбите на Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) преку три функции – „Активност на веб и во апликации“, „Историја на локации“ и „Точност на локацијата“.

Според DPC, поради пропустите на Гугл, корисниците можеби не биле доволно информирани дека нивните податоци за локацијата се користат, меѓу другото, за прикажување реклами и создавање заклучоци за нивните интереси.

Регулаторот дополнително оценил дека подолгото чување на податоците за локацијата од потребното ја намалило контролата на корисниците врз нивните лични информации.

На Гугл му е наложено во рок од шест месеци да ја усогласи обработката на корисничките податоци со правилата на Европската Унија.

Истрагата била започната во 2020 година по претставки од неколку европски организации за заштита на потрошувачите, меѓу кои и паневропската организација BEUC.

Од DPC соопштиле и дека водат уште три регулаторни истраги против Гугл, кои се наоѓаат во напредна фаза.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Грција забрани социјални мрежи за деца помлади од 15 години

Технологија | пред 11 час

ilon-mask

Маск размислува да ги спои „Тесла“ и „СпејсИкс“, експертите предупредуваат на ризици

Технологија | пред 14 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Критични пропусти во PHP: Зошто веб-страниците ширум светот беа привремено исклучени?

Технологија | пред 1 ден

Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Рекордна казна за „Мета“: 25 милијарди долари поради доведување на корисниците во заблуда

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања