Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Гугл тестира персонализиран асистент што „знае повеќе за вас“

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-library9bp6f2s84opb8cvI8cn

Компанијата Гугл претстави нова бета-функција наречена Personal Intelligence во рамки на својата Gemini AI апликација, чија цел е да овозможи значителна поперсонализирана помош за корисниците.

Новата функција им дозволува на корисниците, со сопствена согласност, да поврзат одбрани Гугл сервиси како Gmail, Google Photos, Search и YouTube, со што Gemini може да користи личен контекст за да дава попрецизни и порелевантни одговори.

Со Personal Intelligence, Gemini повеќе не се потпира само на општи информации, туку може да „разбира“ претходни активности, пораки, пребарувања или фотографии и врз основа на тоа да предлага поконкретни решенија. На пример, асистентот може да комбинира податоци од различни сервиси за да одговори на прашања поврзани со минати планови или активности.

Од Гугл нагласуваат дека корисниците имаат целосна контрола – функцијата е исклучена по дифолт, а секој сам одлучува кои апликации ќе ги поврзе. Компанијата уверува дека приватноста е клучен приоритет и дека се користат само податоците за кои корисникот дал дозвола.

Во моментов, Personal Intelligence е достапен во бета-верзија во САД, првенствено за претплатниците на Google AI Pro и AI Ultra, со најави дека во наредните месеци ќе се прошири и во други земји и за бесплатни корисници.

Овој чекор се смета за директен одговор на конкурентските AI решенија, при што Google ја користи предноста на својот силно поврзан дигитален екосистем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 12 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 16 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 23 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања