Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Хуманоиден робот го надмина рекордот на Болт во трката на 100 метри

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryin59mno32l085LEURyK
screenshot youtube

Кинески хуманоиден робот истрча 100 метри за 9,39 секунди на Светските игри на хуманоидни роботи во Пекинг, постигнувајќи време побрзо од светскиот рекорд на Јусеин Болт од 9,58 секунди.

Роботот Tiangong Ultra, развиен од Пекиншкиот иновациски центар за хуманоидни роботи, победи во квалификациската трка откако во самиот финиш го престигна роботот Lightning на производителот на паметни телефони Honor. Lightning заврши со време од 9,47 секунди, што исто така е побрзо од човечкиот светски рекорд поставен од Болт во 2009 година.

Иако резултатите се импресивни, трката заврши на необичен начин. Двата роботи по минувањето на целта се забодеа во заштитниот душек поставен за нивно запирање. Tiangong Ultra загуби рамнотежа и се затетерави кон просторот за итни случаи, поради што гледачите мораа да се поместат, додека Lightning падна и беше изнесен на носилки.

Сепак, резултатот претставува огромен напредок во однос на минатогодишното прво издание на натпреварувањето. Тогаш Tiangong Ultra ја истрча делницата од 100 метри за 21,50 секунди.

Lightning претходно постигнал и време од 9,32 секунди на тестирање, при што достигнал максимална брзина од 14,5 метри во секунда. Роботот неодамна победи и на хуманоиден полумаратон во Пекинг со време од 50 минути и 26 секунди.

Трката на 100 метри е една од 51 дисциплина на Светските игри на хуманоидни роботи, кои опфаќаат и фудбал, танц и натпревари во индустриски задачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 16 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 17 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 19 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања