Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Игор Дурловски за Аца Лукас: „Ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да бидеме публика на туѓи режисери“

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-librarycut9q4sandas7VF7rEl

Оперскиот пејач Игор Дурловски остро реагираше по случувањата во Кавадарци, оценувајќи дека домашната јавна сцена сè повеќе се претвора во продолжение на балканските естрадни и политички пресметки, наместо во простор за заштита на сопствениот културен идентитет.

Дурловски предупреди дека одредени регионални „естрадни центри на моќ“ не само што влијаат врз вкусот на публиката, туку се обидуваат директно да навлезат и во македонските политички процеси. Според него, тоа претставува сериозна опасност за културниот суверенитет на државата.

„Ако државава сака да функционира со минимална самопочит, мора да воспостави строги и транспарентни правила за организацијата и настапите на странски изведувачи,“ порача тој, додавајќи дека тоа не е рестрикција, туку „елементарна културна самозаштита“.

Дурловски предлага формирање стручно тело кое ќе утврди јасни критериуми, стандарди и обврски за концертни организатори и изведувачи, со цел да се спречи, како што вели, „деградација на нашата културна сфера во сензационалистичка придружна програма на туѓи интереси“.

„Ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да се однесуваме како публика на настан чиј режисер никогаш не сме го избрале,“ напиша тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryceeh8macqi0vcd5h30Z

(Видео) Слаткар ја крена Паланка на нозе со „ФМ“ - еден од најкултните негови хитови

Сцена | пред 17 часа

karleusa

Јелена Карлеуша го прекина настапот во Блаце: Се изгубило седумгодишно девојче

Сцена | пред 1 ден

ceca

(Видео) Цеца во аутфит од 18.000 евра го следеше бокс-мечот на Вељко

Сцена | пред 1 ден

media-library9aknql30qfl7fhG4dMC

(Видео) Бубачка ја испаничи Јелена Томашевиќ во Охрид, Иван Босиљчиќ дотрча на сцената: „Кога некој ми ја допира жената, завршува на под“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања