Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Играчите на Steam сè повеќе избираат 16 GB RAM, Intel повторно му бега на AMD

Медиасет.мк
пред 1 час
igrice

Најновото истражување на компанијата Valve за хардверот и софтверот што го користат играчите на Steam покажува неколку интересни промени во октомври 2026 година. Windows 11 продолжува да ја зголемува својата предност, конфигурациите со 16 GB RAM повторно се најзастапени, а Intel го зголеми уделот кај процесорите.

Според резултатите, Windows 11 го користат 72,51 отсто од испитаните системи, што е раст од 1,17 процентни поени во однос на септември. Наспроти тоа, Windows 10 паднал на 21,11 отсто.

Интересни промени има и кај системската меморија. Компјутерите со 16 GB RAM достигнале удел од 41,27 отсто, со раст од 3,67 процентни поени. Конфигурациите со 32 GB, пак, паднале на 38,18 отсто.

Кај графичките картички, NVIDIA RTX 3060 и RTX 5070 се изедначени со удел од 3,78 отсто. Во меѓувреме, Intel го зголемил уделот кај процесорите на Windows-системите на 53,48 отсто, додека AMD паднал на 46,51 отсто.

Кога станува збор за оперативните системи, Windows и понатаму доминира на Steam со околу 93 отсто од корисниците. Linux достигнал 3,95 отсто, а macOS 2,35 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryogsm52megssjcd1T306

WhatsApp воведува нова контрола на приватноста: ќе избирате кој може да го гледа вашиот број

Технологија | пред 8 часа

media-librarytallh42oq402fzo7lcs

Windows 12 би можел да пристигне во 2027 година: Microsoft подготвува големи промени

Технологија | пред 1 ден

media-libraryrk90pro4inmj9Qc4z1L

„Јутјуб“ ја менува апликацијата, корисниците бесни поради укинувањето на омилената опција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryegupju0qku57amNVVLO

Нов Bluetooth-стандард носи речиси четирипати побрз пренос на податоци и поквалитетен звук

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања