Корисниците на iPhone кои плаќаат за најмалку еден iCloud пакет можат да добијат и бесплатен пристап до стриминг-сервисот Apple TV, како и до Apple Arcade.
iCloud е облачна услуга на Apple за складирање фотографии, видеа и други податоци. На корисниците на iPhone дополнителниот простор често им е потребен поради ограничениот капацитет на уредот, па дел од нив користат платени iCloud пакети.
За да проверите дали ја имате поволноста, потребно е да ја преземете апликацијата Apple TV од App Store, доколку веќе ја немате. При најавувањето со вашиот Apple профил, апликацијата треба да ви прикаже дали имате право на бесплатен пристап врз основа на вашиот iCloud пакет.
На Apple TV се достапни повеќе популарни серии и филмови, меѓу кои „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“.
Доколку не користите платен iCloud пакет, а сепак сакате да го користите Apple TV, услугата може да се активира со месечна претплата, која, според доставените информации, изнесува 15 долари.