Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Инстаграм со помош на вештачка интелигенција ќе препознава тинејџери и ќе ги префрла на посебни сметки

Медиасет.мк
пред 1 час
media-libraryfbrbdul0mgjl9yWVpq8
Photo by Claudio Schwarz on Unsplash

Компанијата Мета ја проширува употребата на вештачката интелигенција за утврдување на возраста на корисниците на Инстаграм, со цел повеќе тинејџери автоматски да бидат префрлени на посебни сметки со дополнителни заштитни поставки.

Технологијата ќе овозможи препознавање на малолетни корисници врз основа на информациите и содржината на нивните профили, дури и кога датумот на раѓање е внесен така што покажува дека се полнолетни. По процената, тие ќе бидат префрлени на таканаречените „Тинејџерски сметки“, со ограничувања за тоа кој може да ги контактира, какви содржини можат да гледаат и колку време да поминуваат на платформата.

Мета соопшти дека родителите во САД во текот на овој месец ќе почнат да добиваат известувања со објаснувања за начинот на кој се утврдува возраста на младите корисници и како можат да помогнат податоците да бидат точни.

Компанијата вовела и дополнителен систем за проверка во Австралија, каде што користи податоци од „Епл“ за возрасните категории на корисниците на уредите. Технологијата постепено се воведува и на Фејсбук, додека сличен систем за платформата Тредс се очекува подоцна годинава.

Проширувањето на системот доаѓа во време кога Мета се соочува со повеќе тужби во кои се тврди дека нејзините социјални мрежи им нанесуваат штета на младите. Во август компанијата постигнала спогодби вредни до 18 милијарди долари, односно околу 15,5 милијарди евра, со речиси сите американски сојузни држави и територии.

Минатиот месец Мета постигнала спогодба и со млада тужителка во судски процес во Лос Анџелес, во кој се разгледувало дали Инстаграм и Фејсбук се осмислени така што предизвикуваат зависност и придонесуваат за нарушувања на менталното здравје и исхраната кај младите.

Како дел од договорот со американските држави, компанијата се обврзала да го подобри препознавањето на малолетните корисници, вклучително и децата помлади од 13 години, на кои не им е дозволено да ги користат нејзините платформи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryansnnge2aqt01UmKYGa

Џенсен Хуанг поднесе оставка од Nvidia по 33 години на чело на компанијата

Технологија | пред 3 часа

media-library26acpckuggu16e9Dbox

Паметен фрижидер со екран и вештачка интелигенција: Луксуз или непотребен трошок?

Технологија | пред 1 ден

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Anthropic го претстави Fable 5.2 – поевтин од GPT-6 Astra, а веќе решил два проблеми во теоретската физика

Технологија | пред 1 ден

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Користите ChatGPT за финансии? Овие податоци никогаш не смеете да ги споделувате

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања