Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Филм

Инвестиција вредна 111 милијарди долари: Министерството за правда на САД го одобри спојувањето на компаниите Paramount и Warner Bros

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-libraryoec0ig77689tfHGKegl
фото: unsplash

Американското Министерство за правда даде зелено светло за спојување на компаниите Paramount и Warner Bros. Discovery, и покрај големото противење од дел од филмската и телевизиската индустрија.

Преговорите за иднината на студиото Warner Bros траеја во последните месеци, а во еден момент се сметаше дека Netflix е главен кандидат за преземање.

Меѓутоа, таа компанија во февруари се повлече од преговорите, со што беше отворен пат Paramount Skydance да го преземе големото студио.

Во април акционерите на Warner Bros. Discovery го одобрија преземањето вредно 111 милијарди долари, со кое Paramount Skydance, со поддршка на технолошкиот милијардер Лери Елисон и неговиот син Дејвид, ќе ја преземе контролата над сите брендови и канали на Warner Bros., вклучувајќи ги франшизите Harry Potter, Game of Thrones, мрежите HBO и CNN, DC Universe, како и The Lord of the Rings.

Сега Антимонополскиот оддел на Министерството за правда формално го одобри договорот.

„Одделот ја заврши анализата на предложеното спојување на Paramount и Warner Bros и, врз основа на доказите собрани за време на истрагата, заклучи дека трансакцијата најверојатно нема да нанесе штета на конкуренцијата ниту на американските потрошувачи“, се наведува во соопштението.

Министерството оцени дека спојувањето нема негативно да влијае врз конкуренцијата во областите на стриминг, телевизиско емитување, филмска продукција и кино дистрибуција.

Сепак, стотици познати личности од светот на забавата ја оспорија таквата проценка.

Порано оваа година, голем број холивудски актери, режисери и продуценти потпишаа отворено писмо во кое предупредуваат дека спојувањето може да доведе до губење на работни места, зголемување на цените за потрошувачите и намалување на бројот на нови проекти во развој.

Писмото го потпишале повеќе од 4.000 луѓе, вклучувајќи над 75 добитници и номинирани за Оскар. Меѓу нив се Роберт Де Ниро, Бен Стилер, Марк Руфало, Педро Паскал, Едвард Нортон, Кристен Стјуарт, Дејвид Финчер, Денис Вилнев, Џејн Фонда...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqfqhouj9pvumd97zQWJ

Даниел Редклиф не знае дали ќе ја гледа новата серија за Хари Потер: „Осум часа се премногу“

Филм | пред 10 часа

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 11 час

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 11 час

media-libraryq3saq0imdhabaXBz6yt

Почина актерот Дони Данаган, кој му го позајми гласот на Бамби

Филм | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања