Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

iPhone 17 ќе се произведува во Индија?

Медиасет.мк
пред 11 месец

Apple планира целата нова генерација iPhone 17 да се произведува во Индија, а испораките за американскиот пазар по првпат ќе доаѓаат од таму уште при самото лансирање.

Компанијата ја проширува својата продукција преку пет фабрики во Индија, вклучувајќи и две новоотворени. Со тоа Apple значително ја намалува зависноста од Кина за производство на уреди наменети за САД.

Според „Bloomberg“, фабриките под контрола на Tata Group, една од најголемите индиски мултинационални компании, ќе опфаќаат половина од производството во следните две години. Долгогодишниот партнер Foxconn Technology Group исто така е вклучен со своето производствено чвориште во Бангалор.

Очекувањата се серијата iPhone 17 да биде претставена во септември. Покрај стандардните модели iPhone 17, 17 Pro и 17 Pro Max, се споменува и можност за нов, потенок премиум модел под името iPhone Air. Беџет верзијата iPhone 17e, пак, се предвидува за почетокот на 2026 година.

Иако администрацијата на Доналд Трамп претходно се закануваше со тарифи доколку Apple продолжи да произведува во странство, компанијата неодамна најави инвестиција од 100 милијарди долари во САД како дел од новиот „Програм за американска продукција“. Вкупниот план предвидува инвестиции од 600 милијарди долари во производство на компоненти во земјата.

И покрај променливиот тарифен пејзаж, iPhone уредите извезени од Индија досега успеаја да избегнат дополнителни царини, што и понатаму го прави овој потег особено атрактивен за Apple.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Бивша вработена на крузер открива: „Љубовта меѓу колеги на брод има и мрачна страна“

Патувања | пред 15 часа

media-libraryju0r0rf7rs485IcOeGp

(Видео) Возете се каде било во светот со користење вистински мапи и тоа директно од прелистувач

Технологија | пред 17 часа

media-libraryimh3bsg6ok3j9t4HSKB

(Видео) Ѓоковиќ се фати за микрофонот: Заедно со Владо Георгиев и Нигор ја пееше „Тропски бар“

Сцена | пред 19 часа

media-library7ed8kr3fjul65xn852f

Оваа плажа некогаш била депонија: Денес наместо песок има милиони шарени парчиња стакло

Патувања | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања