Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Ирска повторно ја бојкотира Евровизија, втора година по ред поради учеството на Израел

Медиасет.мк
пред 3 седмици
evrovizija

Ирска нема да учествува на Евровизија во 2027 година, ниту ќе го емитува натпреварот, со што вторпат по ред го бојкотира музичкиот настан поради учеството на Израел. Ирскиот јавен сервис РТЕ соопшти дека одлуката е поврзана со, како што наведува, загубата на животи и хуманитарната криза во Газа.

Ирска беше меѓу петте земји, заедно со Холандија, Исланд, Словенија и Шпанија, кои не учествуваа на овогодишниот натпревар во знак на протест поради учеството на Израел.

Директорот на Евровизија, Мартин Грин, изјави дека организаторите жалат поради одлуката на РТЕ, но целосно ја почитуваат.

„Сите радиодифузери одлучуваат на годишна основа дали ќе учествуваат на натпреварот следната година. Ќе останеме во дијалог со РТЕ и се надеваме дека ќе ги пречекаме повторно на натпреварот во иднина“, изјави Грин.

И холандскиот јавен радиодифузер АВРОТРОС минатиот месец најави дека нема да учествува на Евровизија во 2027 година, оценувајќи дека натпреварот повеќе не може да се смета за неутрален поради учеството на земја која, како што наведоа, е вклучена во голем воен конфликт.

Следната Евровизија треба да се одржи во мај во бугарското црноморско одморалиште Бургас, откако бугарската пејачка Дара победи на натпреварот во 2026 година со песната „Бангаранга“.

Евровизискиот натпревар започна во 1956 година, меѓу другото со идеја преку музиката да придонесе за обединување на Европа по Втората светска војна. Израел учествува на натпреварот од 1973 година.

Повиците за исклучување на Израел се засилија поради постапувањето на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во текот на војната во Газа. На Евровизија во Малме во 2024 година, Базел во 2025 година и Виена во 2026 година беа забележани пропалестински протести, поради што беа преземени и дополнителни безбедносни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8rtsc8vbhkjsakqhnAB

(Видео) „Дали и ние сме вештачка интелигенција?“: Кардашијанс со необичен почеток на новата сезона

Сцена | пред 1 минута

media-libraryko76p6keomgg7jfgLFX

На Саша Ковачевиќ му се влошила здравствената состојба, ги одложи концертите

Сцена | пред 39 минути

media-libraryo6eec4q2emfr8kLp1oK

Џенифер Лопез во спортско издание ги воодушеви обожавателите: „57 години? Нема шанси!“

Сцена | пред 7 часа

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања