Connect with us

#ЖИВОТ

Истражување: Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми


Поверојатно е дека политичките објави на социјалните медиуми ќе станат вирални доколку во нив се критикуваат противниците, во споредба со оние што се поддржува колега со ист политички став, покажа британска студија.

Аналитичарите од Кембриџ проучуваа речиси три милиони твитови и објави на Фејсбук од американските медиуми и политичари и открија дека оние во кои се исмејуваат ривали ќе бидат двојно почесто споделени од објавите што поддржуваат колега од ист политички спектар.

Исто така, беше откриено дека објавите за политичките противници добија повеќе од двојно лути емотикони од „лајкови“ на афирмативни објави.

Резултатите се објавени во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, пренесува Хина.

– Удирањето по политички противник е најдобриот показател дека објавата ќе стане вирална. Истото важи и за оние што се наклонети кон демократите и оние кон републиканците, без разлика дали се работи за Фејсбук или Твитер, вели авторот на студијата Стив Ратје од Кембриџ.

– Социјалните мрежи не држат максимално ангажирани поради продажбата на реклами. Таквиот бизнис модел на крајот ги наградува политичарите и медиумските компании кои произведуваат содржина со цел поттикнување поделба, додаде тој.

– Нашата студија сугерира дека чувствата на омраза многу повеќе го привлекуваат вниманието на корисниците отколку позитивните емоции во кои се изразува љубов, што веројатно поттикнува опасна политичка клима, заклучи тој.

#ЖИВОТ

Рецепт за домашен кечап

Состојки:

-2 кг зрели домати
-главица кромид
-2 чешниња лук
-една лажичка сол
-една лажичка бибер
-една лажичка сенф
-една лажичка мелен коријандер
-една лажичка мелен ким
-една лажичка мелена лута пиперка
-лажица шеќер
-чаша оцет

Подготовка:
Измијте ги доматите и исечете ги на помали парчиња. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.

Во големо тенџере, загрејте ги доматите, кромидот и лукот на средна топлина додека не омекнат, околу 20 минути.

Тргнете ја тавата од оган и поминете ги доматите низ сито. Вратете ги доматите во тавата и додадете ги солта, биберот, сенфот, коријандерот, кимот, лутата пиперка, шеќерот и оцетот.

Гответе на средна топлина додека кечапот не се згусне, околу 1 час. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја да се излади.

Истурете го кечапот во стерилизирани тегли и чувајте го во фрижидер.

Continue Reading

#ЖИВОТ

Рецепт за колач со смокви

Состојки:

бисквит:

– 4 јајца

– 6 лажици масло

– 2 лажици какао

– 2 лажици брашно

– 1 лажичка ванилин шеќер

– 4 лажици шеќер

– прстофат прашок за пециво

– смокви (околу 15 парчиња или околу 300 гр.)

Свежите смокви можете да ги замените со суви, само кратко натопете ги во вода.

Глазура:

– 100 гр темно чоколадо

– 1 лажица путер или 4 лажици масло

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките. Во жолчките додадете масло, какао, ванилин шеќер, брашно, прашок за печиво и измешајте со вилушка.

Изматете ги белките додека не се стегнат, а потоа додадете го шеќерот и матете додека смесата не стане сјајна, мазна и цврста. Во смесата од останатите состојки постепено додавајте ја белката и соединете ги сите состојки.

Намачкајте го плехот за печење и посипете го со брашно. Истурете го бисквитот, наредете ги смоквите и печете во загреана рерна на 170 степени околу 25 минути.

Изладениот колач прелијте го со чоколадна глазура.

Подгответе ја глазурата на вообичаен начин – растопете ја чоколадата на пониска температура.

Continue Reading

#ЖИВОТ

Салата од лубеница за појадок, добар сон и пливање: тајната за добриот изглед на Шерон Стоун

Холивудската актерка Шерон Стоун во текот на животот доживеала сериозни здравствени проблеми – мозочен удар на 43-годишна возраст, по што поминала уште две години во опоравување.

Сега се труди и грижи за своето здравје, а тајната на својата манекенска линија ја откри за странските медиуми.

Имено, актерката редовно конзумира храна како леќа и киноа, а токму оваа храна дава бројни здравствени придобивки – се намалува ризикот од дијабетес.

Шерон откри дека никогаш не го прескокнува појадокот:

„Мојот омилен појадок е свежа, сечкана лубеница со фета сирење и нане, маслиново масло, сол и црн пипер. После тоа, обично јадам парче тост без глутен и пијам билен чај“.

Актерката има балансирана исхрана која вклучува големи количини на посно месо, како пилешки или мисиркини гради и посно говедско месо.

Исто така, Шерон има правило за осум часа сон, но и редовно пливање.

„Мислам дека чучњевите се многу важни. Ако ги правите секој ден, тоа ќе влијае на целото тело“, заклучила таа.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: