Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Истражување предупредува: Енергетските пијалаци се поврзуваат со сериозни срцеви проблеми

Медиасет.мк
пред 3 часа
media-librarylig6sugu47i355UoVDE

Ново истражување објавено од Американското здружение за срце укажува на поврзаност меѓу енергетските пијалаци и додатоците во исхраната со стимулативни состојки и сериозни срцеви проблеми, вклучително и срцев удар, нарушувања на срцевиот ритам и ненадеен срцев застој.

Истражувањето се заснова на анализа на повеќе од 28.000 пријави доставени до Американската агенција за храна и лекови во периодот од 2017 до 2025 година. Научниците утврдиле дека кај возрасните на возраст од 18 до 34 години кои имале срцеви проблеми почесто била забележана употреба на енергетски пијалаци со кофеин и додатоци со стимуланси, како прашоци за пред тренинг.

Според наодите, срцевите удари биле околу 4,5 пати почесто поврзани со овие производи. Нарушувањата на срцевиот ритам, особено вентрикуларните аритмии, и срцевите палпитации биле околу четири пати почесто поврзани со високиот внес на кофеин.

Истражувачите утврдиле и поврзаност со други здравствени проблеми: забрзана работа на срцето била речиси трипати почеста, болките во градите 2,71 пати, а несвестицата речиси двојно почеста.

Авторот на истражувањето, Сај Самјамантула од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Вирџинија, смета дека наодите укажуваат на потребата од посистематско следење на безбедноста на производите што содржат кофеин и стимулативни состојки.

Тој посочува дека здравствените работници треба да ги прашуваат помладите пациенти кои пријавуваат забрзано чукање на срцето, болки во градите или несвестица дали неодамна или редовно консумирале вакви производи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library56hk7lb4f6ka1gJD87D

(Видео) Десетина лица се пресметуваат со УФЦ-борецот: Објавена снимката од инцидентот

Вирално | пред 3 часа

media-library6s9um32fpscn1aZcB5p

Четири хороскопски знаци конечно ја оставаат тешката година зад себе – им доаѓа период на среќа!

Вирално | пред 22 часа

media-libraryo1g5ecoenkfv1LqiLim

(Видео) Мистериозен објект налик на џиновска медуза забележан во близина на американска воена база

Вирално | пред 1 ден

media-librarygk41lcetkp4ja4viiBb

Жените се изложени на поголем ризик од Алцхајмерова болест, а решението може да биде во редовното вежбање

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања