Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Италија сака промена на називот на мерната единица за напон

Медиасет.мк
пред 5 месеци
burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Италијанската влада покрена иницијатива за промена на меѓународниот назив на мерната единица за електричен напон „волт“ во „волта“, со цел да му оддаде почит на италијанскиот научник Алесандро Волта, два века по неговата смрт.

Волта, кој се смета за пронаоѓач на електричната батерија и откривач на метанот, го дал името на единицата, но во англизирана форма. Владата на премиерката Џорџа Мелони сега сака да го „врати“ оригиналниот италијански облик со додавање на буквата „а“ на крајот.

Според италијанските власти, иницијативата е дел од поширок напор за промоција на научното наследство на Италија и нејзината улога во светските технолошки иновации.

Заменик-министерот за дигитализација Алесио Бути вчера во Париз разговарал со Анет Ку, директорка на Меѓународното биро за тегови и мерки, организацијата задолжена за меѓународните стандарди за мерење.

Бути изјавил дека предлогот не е само јазично прашање, туку и обид за историско признание на еден од „татковците на модерната наука“, чии откритија го промениле односот на човештвото кон електричната енергија и технолошкиот развој.

Тој посочил дека повеќеИто мерни единици именувани по научници го задржуваат целосното презиме, како што се „херц“, „њутн“ и „ват“.

Промената најпрво би требало да биде воведена на национално ниво, а потоа Италија ќе се обиде да обезбеди меѓународна поддршка за официјално усвојување на предлогот на Генералната конференција на Меѓународното биро за тегови и мерки, која треба да се одржи во октомври годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 41 минута

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања