Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Израелска авиокомпанија може да биде казнета за високи цени на билетите

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE
Unsplash

Израелското тело за заштита на конкуренцијата соопшти денес дека планира да го казни националниот авио-превозник El Al Израел ерлајнс со 121 милион шекели (околу 36 милиони евра) поради, како што е наведено, високи и неправедни цени на авио-карти за време на војната во Појасот Газа.

Предложената казна претставува максимален износ дозволен според законот. Антимонополската агенција наведе дека го анализирала периодот од 7 октомври 2023 година до мај 2024 година и утврдила дека El Al Израел ерлајнс имал монополска позиција на 38 од 53 линии што ги извршувал, вклучувајќи летови за Њујорк, Лондон, Париз, Бангкок и други градови во САД, Европа и Азија.

Утврдено е дека цените на картите пораснале во просек за 16 отсто, а на поединечни линии и до 31 отсто.

Од компанијата El Al Израел ерлајнс соопштиле дека „категорички ги отфрлаат“ тврдењата дека за време на војната наплаќале премногу скапи карти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-librarym6elskuttj600yjysS2

Сарагоса е избрана за европска зелена престолнина за 2028 година

Патувања | пред 3 дена

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Планирале одмор на Бахамите, а завршија во Канада: Крузерот ја промени дестинацијата поради невреме

Патувања | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања